1Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат еднодушно!
2Тоа е како скапоцено миро врз главата што се лее по брадата, брадата Аронова, што се лее по полите од одеждата негова;
3како роса Ермонска, која паѓа на горите Сионски, зашто Господ дал благослов и живот вечен.