Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 6

:
Macedonian - 2006
1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
2 „Кажи им на синовите израелски и речи им: ако маж или жена даде завет за назирство и Му се посвети на Господ како назир,
3 тој треба да се воздржува од вино и од секаков друг алкохолен пијалак, и од вински оцет, и од оцет од друг алкохол, и не смее да пие ништо приготвено од грозје, а не смее да јаде ни свежо, ниту суво грозје;
4 во сите денови на својот завет тој не смее да јаде ништо што е приготвено од грозје, од семките до лушпите.
5 Во сите денови на неговиот завет за назирство брич не смее да ја допира главата негова; додека да минат де­новите, во кои Му се посветил на Господ како назир, тој е свет; треба да остави слободна да расте косата на неговата глава.
6 Во сите денови, во кои Му се посветил на Господ, тој не смее да се доближува до мртво тело;
7 тој не смее да се осквернува ни со допир до таткото свој и мајката своја, до братот свој и сестрата своја, кога ќе умрат, зашто заветот на Бога е врз главата негова;
8 во сите денови на неговиот завет нека биде свет пред Господ.
9 Ако некој кај него умре ненадејно, и со тоа се оскверни неговата посвета во назирство, да ја истриже главата своја во денот на своето очистување, на седмиот ден да ја истриже,
10 а во осмиот ден да му однесе на свештеникот при влезот од скинијата на собранието две грлици или два млади гулаба.
11 Свештеникот да принесе една од птиците како жртва за грев, а другата за сепаленица, и ќе го очисти од осквернувањето со мртвото тело, и ќе ја освети главата негова во тој ден,
12 и тој одново треба да ги почне на Господ посветените денови на своето назирство и да принесе едногодишно јагне како жртва за вина; поранешните, пак, денови да не се сметаат, зашто назирството негово било осквернето.
13 Ова е законот за назирот: во оној ден кога ќе завршат деновите на него­вото назирство, нека го доведат пред влезот од скинијата на собранието,
14 и тој да принесе жртва на Господ едно едногодишно машко јагне без недостаток за сепаленица, и едно женско јагне без недостаток како жртва за грев и еден овен без недостаток како жртва за мир,
15 и кошница со лебови без квас од пченично брашно, и лебови месени со масло, и бесквасни питки помазани со масло и лебен принос со нив и прелив.
16 И свештеникот да го донесе тоа пред Господ и да ја принесе жртвата негова за грев и сепаленицата негова;
17 овенот да Му го принесе на Господ како жртва за мир заедно со кошницата бесквасни лебови; исто така свеште­ни­кот да го принесе лебот и преливот за него.
18 А при влезот од скинијата на собранието назирот да ја истриже својата посветена глава, и да ја стави косата од својата посветена глава на огнот што е под жртвата за мир.
19 И да земе свештеникот една сварена плешка од овенот, една бесквасна питка од кошницата и еден леб и да ги стави во рацете на назирот, откако тој ќе ја истриже својата глава;
20 и да го издигне тоа свештеникот, нишајќи го пред Господ; тоа е светиња за свештеникот заедно со нишканите гради и издигнатата плешка. Потоа назирот може да пие вино.
21 Тоа е законот за назирот, кој Му се посветил на Господ, и жртвата што Му ја принесува на Господ за неговиот завет, без да се смета она што може повеќе да даде: според заветот свој што го дал, така треба и да направи, заедно со озаконетото за неговото назирство.“
22 И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:
23 „Кажи му на Арон и на синовите негови: така да ги благословувате си­новите израелски и да им говорите:
24 да те благослови Господ и да те чува!
25 да погледне кон тебе Господ со све­т­лото Свое лице и да те помилува;
26 да го сврти Господ кон тебе лицето Свое и да ти даде мир!
27 Така да го повикувате името Мое над синовите Израелови, и Јас ќе ги благословам.“