Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 22

:
Macedonian - 2006
1 Тогаш синовите израелски тргнаа и се настанија во западниот дел на Моав, од другата страна на Јор­дан, спроти Ерихон.
2 И Валак, синот Ципоров, виде сѐ што им беше направил Израел на Аморејците.
3 И Моавците многу се уплашија од тој народ, бидејќи беше многуброен; затоа тие многу се уплашија од си­новите на Израел.
4 Тогаш Моавците им рекоа на мидјанските старешини: „Овој народ сега истребува сѐ околу нас, како што воло­вите ја изедуваат полската трева.“ А Валак, синот Ципоров, беше моавски цар во тоа време.
5 Тој испрати пратеници кај Валаам, синот Беоров во Петор што е крај Реката во земјата на неговите предци, да го повикаат и да му кажат: „Ете, народот што дојде од Египет, го покри лицето земно, и сега се смести близу до мене.
6 Затоа дојди и проколни го тој народ, бидејќи се посилни од мене: тогаш можеби ќе бидам во состојба да ги поразам и да ги изгонам од земјата моја; бидејќи знам дека кого ќе го благо­словиш ти, тој е благословен, и кого ќе го проколнеш, тој е проколнат.“
7 И отидоа моавските старешини и старешините мидјански со подароци во рацете за врачувањето и дојдоа при Ва­лаам и му ги соопштија Валаковите зборови.
8 И тој им рече: „Преспијте ноќеска овде, и јас ќе ви одговорам што да правите, онака како што ќе ми рече Господ.“ И моавските старешини оста­наа кај Валаам.
9 И дојде Бог кај Валаам и му рече: „Кои се оние луѓе кај тебе?“
10 Валаам Му одговори на Бога: „Моавскиот цар Валак, синот Ципоров ги испратил кај мене да кажат:
11 Ете, народот што дојде од Египет, го покри земното лице; дојди, па, про­колни го; тогаш можеби ќе можам да го поразам и да го изгонам.“
12 И му рече Бог на Валаам: „Не оди со нив, не проколнувај го тој народ, бидејќи е благословен.“
13 И утрината стана Валаам и им рече на кнезовите Валакови: „Вратете се во својата земја, зашто Бог не ми дозволува да одам со вас.“
14 Тогаш моавските кнезови станаа и се вратија при Валак, и му рекоа: „Ва­лаам не сакаше да дојде со нас.“
15 И Валак пак испрати кнезови, повеќе и со поголема чест од првите.
16 И тие дојдоа кај Валаам и му рекоа: „Вака вели Валак, синот Ципоров: ‚те молам, не откажувај да дојдеш кај мене;
17 ќе ти укажам големи почести и ќе направам сѐ што ќе ми кажеш; па дојди и проколни го тој народ.‘“
18 Валаам одговори и им кажа на слугите Валакови: „Да ми ја дадеше Валак и куќата своја, полна со злато и сребро, не можам да ја прекршам заповедта на Господ Бог, и да извршам нешто мало или големо;
19 но сепак, останете и вие тука оваа ноќ, и јас ќе разберам што уште ќе ми каже Господ.“
20 И дојде ноќта Бог кај Валаам и му рече: „Ако овие луѓе дошле да те викаат, стани, оди со нив; но прави го само она што ќе ти го речам Јас.“
21 Утрината Валаам стана, ја оседла магарицата своја и тргна со моавските кнезови.
22 И пламна јароста Божја, затоа што тргна тој, и застана ангел Господов на патот, за да му попречи. Тој јаваше на магарицата своја, а со него и двајца слуги негови.
23 И магарицата го виде ангелот Гос­подов, застанат на патот со извлечен меч во раката, па скршна од патот и тргна по полето; а Валаам почна да ја удира магарицата, за да се врати на патот.
24 И застана ангелот Господов на еден тесен пат меѓу лозјата, оградени, и од едната, и од другата страна.
25 Магарицата кога го виде ангелот Господов, се прилепи кон оградата и ја притисна ногата на Валаам; и тој пак почна да ја тепа.
26 Но ангелот Господов пак се тргна и застана на тесно место, каде што не­маше каде да се скршне ниту надесно, ниту налево.
27 Магарицата, кога го виде ангелот Гос­подов, легна под Валаам. И се раз­гневи Валаам и пак почна да ја тепа магарицата со стапот.
28 Тогаш ја одврза Бог устата на магарицата и таа му рече на Валаам: „Што ти направив, та ме тепаш еве веќе третпат?“
29 Валаам ѝ рече на магарицата: „За­тоа што се подигра со мене; да имав во раката меч, сега ќе те прободев.“
30 А магарицата му рече на Валаам: „Нели сум јас твојата магарица, која ти ја јаваш од младоста твоја до денес? Сум ти правела ли вака досега?“ Тој одговори: „Не.“
31 И му ги отвори Господ очите на Валаам, и тој го виде ангелот Господов, застанат на патот со извлечен меч во раката, се поклони и падна ничкум.
32 И му рече ангелот Господов: „Зош­то ја тепаш магарицата еве веќе трипати? Јас излегов да ти го попречам патот, зашто патот твој не Ми е по волја!
33 И магарицата, кога ќе ме видеше, скршнуваше од мене еве веќе трипати; ако не скршнуваше од мене, ќе те убиев, а неа ќе ја оставев жива.“
34 И му рече Валаам на ангелот Гос­подов: „Згрешив, бидејќи не знаев дека Ти стоиш на патот пред мене; и сега, ако тоа Ти е неугодно, јас ќе се вратам.“
35 И му рече ангелот Божји на Ва­лаам: „Оди со овие луѓе; само зборувај го она што Јас ќе ти го кажувам.“ И отиде Валаам со Валаковите кнезови.
36 Валак, кога чу дека доаѓа Валаам, излезе да го пречека во моавскиот град, кој е во Арнонските предели, при самиот крај.
37 И му рече Валак на Валаам: „Нели испратив јас при тебе да те викаат, зошто не дојде кај мене? Или зар не можам да ти укажам почести?“
38 И му рече Валаам на Валак: „Ете, јас дојдов кај тебе, но можам ли да кажам нешто од себеси? Она што Бог ќе го вложи во устата моја, тоа и ќе го кажувам.“
39 И тргна Валаам со Валак, и влегоа во Кирјат-Хуцот.
40 И закла Валак волови и овци и му испрати на Валаам и на кнезовите, кои беа со него.
41 А утрината Валак го зеде Валаам и го качи на Бамот-Ваал, за да види оттаму еден дел од народот.