Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 20

:
Macedonian - 2006
1 Тогаш синовите на Израел, цело­то општество, дојдоа во пустината Син во првиот месец, и народот се улогори во Кадис; таму умре Мирјам, каде што беше и погребана.
2 За народот немаше вода, и тие се побунија против Мојсеј и Арон;
3 и негодуваа против Мојсеј, велејќи: „О, да бевме умреле и ние тогаш, кога умреа нашите браќа пред Господ!
4 Зошто го доведовте народот Госпо­дов во оваа пустина, па да изумреме тука ние и добитокот наш?
5 И зошто нѐ изведовте од Египет, па нѐ доведовте на ова лошо место, каде што не може да се сее, каде што нема ни смокви, ни лозја, ни калини, дури ни вода за пиење?“
6 Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот, кон влезот од скинијата на собранието, и паднаа ничкум, и им се јави славата Господова.
7 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
8 „Земи го жезолот свој и собери го народот, ти и братот твој Арон, и пред очите нивни кажете ѝ на карпата и таа ќе пушти од себе вода: и така, ти ќе им дадеш вода од карпата и ќе го напоиш народот и добитокот негов.“
9 Го зеде Мојсеј жезолот што е пред Господ, како што му заповеда Тој.
10 И го собраа Мојсеј и Арон народот кај карпата и тој им рече: „Чујте ме, непокорници, зар може од оваа карпа да ви извадиме вода?“
11 И ја крена Мојсеј раката своја и удри двапати на карпата со жезолот свој, и потече многу вода, и народот се напи, а и добитокот негов.
12 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон: „Поради тоа што не Ми поверувавте, и не ја засведочивте Мојата светост пред очите на синовите израелски, вие нема да го воведете тој народ во земјата, што Јас му ја давам.“
13 Тоа е водата Мерива, кај која синовите израелски влегоа во кавга со Господ, и Тој ја покажа пред нив Својата светост.
14 И испрати Мојсеј пратеници од Кадис до едомскиот цар за да му кажат: „Вака вели братот твој Израел: ти ги знаеш сите тешкотии што нѐ снајдоа;
15 татковците наши слегоа во Египет, и ние живеевме во Египет долго време, и Египќаните лошо постапуваа со нас и со предците наши;
16 и повикавме кон Господ, и Тој го чу нашиот глас, па испрати ангел, и нѐ изведе од Египет; и ете, ние сме сега во Кадис, град до самите твои предели.
17 Дозволи ни да минеме преку твојата земја: нема да одиме преку ниви, ниту преку лозја, и нема да пиеме вода од кладенците твои: туку ќе одиме по главниот пат, и нема да скршнуваме ни десно, ни лево, додека да ги минеме твоите предели.“
18 Но Едом им рече: „Не минувајте преку мојата земја, зашто со војска ќе излезам против вас.“
19 И му рекоа синовите израелски: „Ќе одиме по патот, и ако пиеме од водата твоја, јас и добитокот мој, ќе платиме за неа; ништо друго не бараме само пешки да поминеме.“
20 Но тој рече: „Не минувајте!“ И Едом излезе против нив со многуброен народ и со голема сила.
21 И така, Едом не му дозволи на Израел да мине преку неговите предели. И Израел се повлече од него.
22 И се кренаа синовите израелски од Кадис, и целиот народ стигна до планината Ор.
23 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон на планината Ор, близу до пределите на едомската земја, велејќи:
24 „Нека умре Арон при народот свој, зашто тој нема да влезе во земјата, која Јас им ја давам на синовите на Израел, затоа што Ме огорчивте кај водата Мерива.
25 И земи го Арон и синот негов Елеазар, и искачи ги на планината Ор;
26 и соблечи ја од Арон облеката негова и облечи го со неа синот негов Елеазар, и нека замине Арон и нека умре таму!“
27 И направи Мојсеј така, како што заповеда Господ. Тие се искачија на пла­нината Ор пред очите на целото општество,
28 и ја соблече Мојсеј облеката од Арон и го облече со неа синот негов Елеазар. И умре таму Арон на врвот од планината, а Мојсеј и Елеазар слегоа од планината.
29 И целото општество виде дека Арон умре, и целиот израелски народ го оплакуваше Арон триесет денови.