Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 14

:
Macedonian - 2006
1 Тогаш целиот народ почна да вика и плачеше целата таа ноќ;
2 и сите синови израелски негодуваа против Мојсеј и Арон, и целиот народ им велеше: „О, да бевме умреле во египетската земја, или да бевме изумреле во оваа пустина!
3 И зошто Господ нѐ води во таа земја, за да паднеме во борба! Жените наши и децата наши ќе станат плен; не е ли подобро да се вратиме во Египет!“
4 Па си велеа едни на други: „Да си избереме старешина, и да се вратиме во Египет.“
5 Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум пред целото општество на синовите израелски.
6 Тогаш Исус, синот Навинов, и Халев, Синот Јефунеов, кои беа од оние што ја беа разгледале земјата, ги раскинаа облеките свои
7 и им рекоа на сите собрани синови израелски: „Земјата што ја изодивме, за да ја разгледаме, е многу, многу добра.
8 Ако Господ нѐ сака, ќе нѐ воведе во неа и ќе ни ја даде таа земја, каде што тече мед и млеко;
9 само не бунтувајте се против Господ и не плашете се од народот на таа земја: тој е мал залак за нас; тие немаат заштита, а со нас е Господ; не плашете се од нив.“
10 И сиот народ рече: „Да ги убиеме со камења!“ Но славата Господова се јави над скинијата на собранието пред сите синови израелски.
11 И му рече Господ на Мојсеј: „До кога ќе Ме огорчува овој народ, и до кога нема да Ми верува и покрај сите знаци што ги извршив Јас меѓу него?
12 Ќе го казнам со смрт, ќе го униш­там, и ќе создадам од тебе народ по­многуброен и посилен од овој.“
13 Но Мојсеј Му рече на Господ: „Ќе чујат Египќаните, од чија средина Ти со силата Своја го изведе овој народ,
14 и ќе им кажат на жителите на таа земја, кои слушнале дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и Ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб;
15 па, ако Ти го уништиш овој народ до последен човек, тогаш сите оние што слушнале за славата Твоја, ќе речат:
16 ‚Господ, не можејќи да го воведе овој народ во земјата што со клетва му ја вети, го погуби во пустината.‘
17 И така, нека се возвеличи силата Твоја, Господи, како што рече, велејќи:
18 ‚Господ е долготрпелив и многумилостив, Кој ги простува беззаконијата и престапите, и не остава без казна, туку за беззаконијата на предците ги казнува потомците дури до третото и четвртото колено.‘
19 Прости им го гревот на овие луѓе поради Твојата преголема милосрдност, како што си му простувал на овој народ од Египет до тука.“
20 И рече Господ: „Простувам според зборот твој;
21 но жив сум Јас, и целата земја е полна со славата Господова:
22 затоа сите оние што ја видоа славата Моја и делата Мои што ги извршив во Египет и во пустината, и Ме иску­шуваа веќе десетпати, и не го послушаа гласот Мој,
23 нема да ја видат земјата што со клетва им ја ветив на предците нивни; сите оние што Ме огорчуваа, нема да ја видат;
24 но Мојот слуга Халев, поради тоа што во него имаше друг дух, и затоа што Ми беше наполно верен, него ќе го воведам во земјата, во која тој отиде, и неговото потомство ќе ја наследи.
25 Амаликијците и Хананците живеат во долината; затоа утре вратете се и одете во пустината кон Црвеното Море!“
26 И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
27 „До кога овој лош народ ќе негодува против Мене? Јас го слушам негодувањето на синовите израелски што го упатуваат против Мене.
28 Кажи им: Жив сум Јас, вели Господ како што вие Ми говоревте во ушите Мои, така ќе ви направам и Јас вам;
29 во оваа пустина ќе паднат телата ваши, и сите вие преброени, колку што сте на број, од дваесет години и нагоре што се буните против Мене,
30 нема да влезете во земјата, во која Јас со крената рака решив да ве населам, освен Халев, Јефунеовиот син, и Исус, Навиновиот син;
31 децата ваши, за кои велевте дека ќе станат плен, ќе ги воведам таму, и тие ќе ја познаат земјата што вие ја презревте;
32 а вашите трупови ќе паднат во оваа пустина;
33 синовите ваши, пак, ќе скитаат по пустината четириесет години и ќе страдаат, носејќи го вашиот грев сѐ до­дека не загинат телата ваши во пустинава;
34 според бројот на четириесетте дена, во кои ја разгледувавте земјата, вие ќе страдате за гревовите ваши четириесет години, година за ден, па да разберете што значи да бидете напуштени од Мене.
35 Јас, Господ, ви велам дека така и ќе постапам со сиов овој народ, востанат против Мене: во оваа пустина сите ќе изгинат и ќе изумрат.“
36 И оние, кои Мојсеј ги испрати да ја разгледаат земјата и, кои по враќањето свое, се побунија пред сиов овој народ против него, ширејќи лоши гласови за земјата,
37 оние што ширеа лоши гласови за зе­мјата, умреа, казнети пред Господ;
38 само Исус, синот Навинов, и Халев, синот Јефунеов, останаа живи од оние мажи, кои беа отишле да ја разгледаат земјата.
39 И ги кажа Мојсеј тие зборови пред сите синови израелски, а народот многу се разжалости.
40 И кога станаа рано утредента, се искачија на врвот од планината, ве­лејќи: „Ете, ќе отидеме на она место, за кое Господ рече, бидејќи згрешивме.“
41 Но Мојсеј рече: „Зошто ја пренебрегнувате заповедта Господова? Нема да успеете:
42 не одете горе, бидејќи Господ не е меѓу вас; и ќе паднете од непријателите ваши,
43 зашто таму пред нас се Амали­кијците и Хананците, и ќе паднете од нож, зашто не Му се покоривте на Гос­под, и Господ нема да биде со вас.“
44 Но тие решија и се искачија на вр­вот од планината; а ковчегот на заветот Господов и Мојсеј не се одделија од логорот.
45 И слегоа Амаликијците и Ханан­ците што живееја на онаа планина, ги разбија и ги гонеа дури до Хорма.