Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Nehemiah 2

:
Macedonian - 2006
1 Во дваесеттата година од царувањето на Артаксеркс, во еден ден од месецот нисан, имаше пред мене ви­но. Јас го зедов виното и му го подадов на царот, и бев натажен пред него.
2 А царот ме праша: „Зошто ти е на­жалено лицето, иако не си болен? Тоа може само да значи дека имаш тага на срцето.“ Јас многу се уплашив
3 и му реков на царот: „Вечно да си жив, царе! Како да не ми биде тажно лицето кога градот, домот, каде што се гробовите на предците мои, е за­пустен и портите негови со оган се изгорени!“
4 И царот ми рече: „Па што бараш?“ Јас се помолив на небесниот Бог
5 и му одговорив на царот: „Ако му е угодно на царот, и ако твојот слуга нашол благоволение пред лицето твое, тогаш испрати ме во Јудеја, во градот, каде што се гробовите на предците мои за да го изѕидам.“
6 И ми рече царот пред царицата, која седеше до него: „Колку време ќе трае патот твој, и кога ќе се вратиш?“ И ца­рот се согласи да ме пушти, от­како го определив времето.
7 Тогаш му реков на царот: „Ако благоволи царот, нека ми се даде писмо до управителите на областа зад Реката за да ми дозволат да минувам, додека стигнам до Јудеја,
8 и писмо до Асаф, чуварот на цар­ските шуми, да ми даде дрва за врати­те на тврдината што е кај Божјиот дом, и за градските ѕидишта, и за ку­ќата, во која ќе живеам.“ И царот ми даде, бидејќи раката на Бога беше над мене.
9 Кога стигнав кај управителите на областа зад Реката, им ги предадов царските писма. А царот беше испра­тил со мене воени началници со коњаници.
10 Кога го слушнаа тоа Санавалат, хорончанецот и Товија, амонски роб, им стана многу непријатно што дошол чо­век да се грижи за доброто на синовите Израелови.
11 Пристигнав во Ерусалим и оста­нав таму три дни.
12 Потоа станав ноќе со неколку ма­жи, што беа со мене, и никому не му кажав што ми ставил Бог на срце да направам за Ерусалим; а немаше никакво добиче со мене, освен она на кое јавав.
13 Така минав ноќе преку Долин­ските Порти накај Изворот на Змејот и низ Гноишните Порти, ги разгледав раз­рушените ѕидишта на Ерусалим и изго­рените негови порти со оган.
14 И дојдов до Изворните Порти и до царскиот базен, но таму немаше место да мине добичето што беше под мене;
15 и се вратив назад по долот ноќе и ги разгледав ѕидиштата и, откако минав пак низ Долинските Порти, се вратив.
16 Но старешините не знаеја, каде одев и што правев: дотогаш не им бев открил ништо ни на Јудејците, ниту на свештениците, ниту на првенците, ниту на началниците, ниту на другите што беа задолжени околу таа работа.
17 Затоа им реков: „Гледате во каква неволја се наоѓаме; Ерусалим опусте, и портите негови со оган се изгорени; да одиме и да ги изградиме ѕидовите на Ерусалим, та да не бидеме веќе за срам.“
18 И им раскажав дека добрата рака на мојот Бог беше над мене, и за збо­ровите на царот што ми ги кажа. Па им реков: „Да станеме и да градиме!“ Тогаш им се зацврстија рацете за општо добро дело.
19 Кога го слушнаа тоа Санавалат хорончанецот и Товија, амонски роб, и Гешем Арабјанецот, ни се потсмев­нуваа и рекоа со презир: „Што сакате да направите? Мислите ли да кренете бунт против царот?“
20 Јас им одговорив и реков: „Небес­ниот Бог, Тој ќе ни помогне, и ние, слугите Негови, чисти ќе поч­неме да ѕидаме, а за вас нема да има ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим.“