Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Luke 10

:
Macedonian - 2006
1 Потоа Господ назначи и други седумдесет двајца) и ги испра­ти пред Себе по двајца во секој град и мес­то, каде што и Сам сакаше да оди,
2 и им рече: „Жетвата е голема, а ра­ботници има малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници за жетвата Своја.
3 Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци.
4 Не носете со себе ни ќесе, ни торба, ниту обувки и никого патем не поздра­вувајте!
5 И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир на оваа куќа!‘
6 Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе почива на него; инаку, тој ќе се врати во вас;
7 и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не преместувајте се од куќа в куќа.
8 И во секој град во кој ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе принесат пред вас;
9 лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘
10 А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по улиците негови и кажете:
11 ‚И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го тоа, дека се приближи цар­ството Божјо.‘
12 Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“
13 „Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Си­дон се случеа чудата што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пе­пел, ќе се беа покајале.
14 Но на Тир и Сидон ќе им биде по­лесно на Судот, отколку вам.
15 И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат.
16 Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува, а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил.“
17 Се вратија, пак, седумдесет двај­ца­та) со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се покоруваат.“
18 А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња!
19 Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја не­пријателска сила; и ништо нема да ви наштети;
20 но не радувајте се на тоа што ду­хо­вите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на не­бесата.“
21 Во тој час се зарадува во Светиот Дух и рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“
22 Па, откако се сврте кон учениците, им рече: „Сѐ Ми предаде Мојот Отец; и кој е Синот не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Си­нот, и оној кому што сака Синот да му открие.“
23 Потоа се сврте настрана кон уче­ни­ците, па им рече: „Блажени се очите, кои го гледаат ова што го гледате вие.
24 Зашто ви велам: многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат што слушате вие, и не чуја.“
25 И ете, стана еден законик и, ис­ку­шувајќи Го, рече: „Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?“
26 А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Што читаш таму?“
27 Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!“
28 Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“
29 Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мој ближен?“
30 Исус му одговори и рече: „Еден чо­век, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов.
31 Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, помина на спротивната страна.
32 Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и премина на другата страна.
33 Еден, пак, Самарјанин, кој патува­ше, кога дојде до него, го виде и се со­жали.
34 И кога се приближи, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го од­несе во гостилница и се погрижи за не­го.
35 А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гос­тил­ни­ча­рот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘
36 Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што пад­на во рацете на разбојниците?“
37 А тој одговори: „Оној што му ис­ка­жа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
38 И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го прими во својот дом.
39 А таа имаше сестра што се викаше Марија. Таа седна до нозете Господови и го слушаше словото Негово.
40 Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога застана, рече: „Гос­поди, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“
41 А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи.
42 Но само едно е потребно. Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се од­земе.“