Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Judges 17

:
Macedonian - 2006
1 Имаше еден човек од Ефремовата Гора, по име Миха.
2 Тој ѝ рече на мајка си: „Илјада и сто шекели што ти беа украдени и за кои ти изрече пред мене проклетство, тоа сребро е кај мене, јас го зедов.“ Мајка му рече: „Благословен нека биде синот мој пред Господ!“
3 И тој ги врати на мајка си илјадата и сто шекели сребро. И мајка му рече: „Тоа сребро го посветив од себе на Господ за мојот син за да направи од него идол и излеана статуа, и така, ти го давам.“
4 Но тој ѝ го врати среброто на мајка си. Мајка му зеде двеста шекели сребро и ги даде на леарот. Тој направи од нив идол и излеа статуа, која стоеше во домот на Миха.
5 И така, Миха имаше дом Божји. И направи тој ефод и серафим и посвети еден од синовите свои за да му биде свештеник.
6 Во тие денови Израел немаше цар; затоа секој го правеше она што го сметаше за право.
7 Тогаш живееше таму еден млад човек, левит, од Витлеем Јудејски, од Јудиното колено;
8 тој човек излезе од градот Витлеем Јудејски, од Јудиното колено за да се насели како придојден каде што ќе најде погодно место, и, како што одеше по патот, дојде до Ефремовата Гора, до домот на Миха.
9 И Миха го запраша: „Од каде доаѓаш?“ А тој му одговори: „Јас сум левит од Витлеем Јудејски и одам да се населам, каде што ќе најдам погодно место.“
10 А Миха му рече: „Остани кај мене и биди ми татко и свештеник; ќе ти давам годишно по десет шекели сребро, потребната облека и исхрана.“
11 Левитот се согласи да остане кај оној човек, и тоа момче му беше како син.
12 Миха го посвети левитот, и тој момок му беше свештеник и живееше во домот на Миха.
13 И Миха си рече: „Сега знам дека Господ ќе ми прави добро, зашто имам левит свештеник.“