Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

John 16

:
Macedonian - 2006
1 „Ова ви го кажав за да не се соблазните.
2 Ќе ве исклучуваат од синагогите. Па уште и ќе настапи време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.
3 Тоа ќе го прават, зашто не Го познаа Отецот, ниту Мене.
4 Но ви го кажав тоа, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви ре­кол; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“
5 „А сега одам кај Оној Кој Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ‚Каде одиш?‘
6 Но затоа што ви го кажав ова, срцата ваши се исполнија со тага.
7 Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро е за вас Јас да си отидам, зашто, ако не си отидам, Утешителот нема да дој­де кај вас; ако, пак, заминам, ќе ви Го пратам.
8 А Тој, кога ќе дојде, ќе го изобличи светот за грев, и за правда, и за суд:
9 за грев дека не веруваат во Мене;
10 за правда оти Јас си одам кај Својот Отец, и веќе нема да Ме видите;
11 а за суд зашто кнезот на овој свет е осуден.
12 Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.
13 А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но од Себе нема да зборува, туку ќе говори што чуе, и ќе ви ја најави иднината.
14 Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви јави.
15 Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви јави.“
16 „Уште малку, и нема да Ме гледате, и по малку, пак ќе Ме видите, зашто си одам кај Отецот.“
17 А некои од учениците Негови си рекоа меѓу себе: „Што е тоа, што ни ве­ли: ‚Уште малку, и нема да Ме видите‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите‘ и ‚Јас си одам кај Отецот?‘“
18 И си зборуваа: „Што е тоа, што ве­ли: ‚Уште малку?‘“
19 Исус разбра дека сакаат да Го пра­шаат, и им рече: „Затоа ли се пра­шу­ва­те меѓу себе, што реков: ‚Уште малку, и нема да Ме гледате‘ и ‚По малку, пак ќе Ме видите?‘
20 Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува; вие ќе бидете нажалени, но жалоста ваша ќе се претвори во радост.
21 Жена, кога раѓа, има болки, зашто ѝ дошло времето нејзино; но штом ќе го роди детето, од радост не ги помни веќе болките, зашто се родил човек на светот.
22 Па така и вие, сега сте нажалени; но Јас пак ќе ве видам, и ќе се зарадува срцето ваше, и радоста ваша никој нема да ви ја одземе;
23 и во тој ден нема да Ме прашувате за ништо. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот, во Мое име, ќе ви даде.
24 Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде ра­доста ваша полна.“
25 „Ова во параболи ви го кажав; но ќе дојде час кога нема веќе во параболи да ви зборувам, туку откриено ќе ве известам за Отецот.
26 Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Отецот ќе го помолам за вас;
27 бидејќи Отецот Сам ве сака, зашто вие Ме засакавте и поверувавте дека Јас сум излегол од Бога.
28 Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега пак го оставам светот и се вра­ќам кај Отецот.“
29 Му рекоа учениците Негови: „Еве, сега откриено зборуваш и никаква па­рабола не кажуваш.
30 Сега знаеме дека знаеш сѐ и нема потреба никој да Те прашува. Заради тоа веруваме дека од Бога си излегол.“
31 Исус им одговори: „Сега ли верува­те?
32 Ете, иде часот, и веќе настапува, да се разбегате секој кај своите, а Мене Сам да Ме оставите; но Јас не сум Сам, бидејќи Отецот е со Мене.
33 Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но не плашете се, зашто Јас го победив светот.“