Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Joel 3

:
Macedonian - 2006
1 „И, ете, потоа ќе излеам од Мојот Дух врз секое тело, и синовите ва­ши и ќерките ваши ќе пророкуваат; старците ваши ќе сонуваат соништа и младите ваши ќе гледаат виденија.
2 А и врз слугите и слугинките во оние денови ќе излеам од Мојот Дух.
3 И ќе покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим.
4 Сонцето ќе се преобрати во темнина, а месечината во крв, пред да наста­пи денот Господов, великиот и стра­ш­ниот.
5 Тогаш секој, што ќе го призовува името Господово, ќе се спаси; бидејќи на гората Сион и во Ерусалим ќе има спасение, како што вели Господ, а меѓу преживеаните ќе бидат оние што ќе ги повика Господ.“