Joel 12006

1Слово Господово упатено до Јоил, синот Петуелов.

2Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во дено­вите на вашите татковци?

3Раскажувајте за него на децата ваши; а децата ваши нека им расакажу­ваат на нивните деца, и нивните деца — на следниот род;

4сѐ што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од ска­кулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бумбарите.

5Разбудете се пијаници, плачете и ри­дајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша.

6Зашто против земјата моја дојде на­род силен и безброен; забите му се како заби на лав, а челустите како челуст на лавица.

7Тој ми ја опустоши лозата, и смоквата ми ја откорна, ја излупи до голо и ја фрли; гранките ѝ побелеа.

8Плачи како што плаче девица, опашана со вреќиште, за свршеникот од својата младост.

9Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господов; пла­чат и свештениците, служителите Гос­подови.

10Опустошено е полето, тагува земјата, зашто е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, пресуши маслиновото масло.

11Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јач­менот, зашто пропадна жетвата по ни­вите,

12лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата — сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата меѓу луѓето исчезна.

13Препашете се со вреќиште, свеште­ници, и плачете; ридајте, служители на светилиштето. Влезете и ноќевајте, слу­жители на мојот Бог, во вреќиште, заш­то во домот на вашиот Бог нема веќе лебен принос и прелив.

14Наредете свет пост, објавете свечен собир, повикајте ги старешините и сите жители од тој крај во домот на Господ, вашиот Бог — викајте кон Господ.

15Страшен ден! Зашто денот Госпо­дов е близу; и ќе дојде како запустување од Сесилниот.

16Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог — ве­селбата и радоста?

17Изгниени се зрната под сувите грутки, запустени се житниците, урна­ти се амбарите, зашто нема веќе жито.

18Ете, стенка добитокот, скитаат стадата волови, зашто нема за нив пасиш­те; се измачуваат и стадата овци.

19Кон Тебе, Господи, викам, зашто оган ги проголта пасиштата во пустината, и пламен ги подгори дрвјата во полето.

20Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по пото­ците, и оган ги изгоре пасиштата во пустината.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Joel 1.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.