Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Jeremiah 35

:
Macedonian - 2006
1 Слово од Господ, упатено до Еремија во дните на јудејскиот цар Јоаким, син Јошиев:
2 оди во домот на Рихавовци, позборувај со нив и доведи ги во домот Гос­подов, во една од собите и дај им да пи­јат вино.
3 Јас го поведов Јаазанија, синот на Еремија, син Хавациниев, и братот не­гов, сите синови негови и сиот дом на Рихавовци,
4 па ги доведов во домот Господов, во собата на синовите на Ханан, син Игдалиев, човек Божји, која се наоѓа до собата на кнезовите, а над собата на Маасејаху, син Селумов, стражар при влезот.
5 И поставив пред синовите од домот на Рихавовци полни грнци со вино и чаши, па им реков: „Пијте вино!“
6 Но тие рекоа: „Ние вино не пиеме, бидејќи нашиот татко Јонадав, син на Рихав, ни заповедал, велејќи ‚вино не пијте ни вие, ниту децата ваши довека;
7 и куќи не правете, и семиња немојте да сеете, лоза не садете; такви работи да нема кај вас, туку преку сите денови на животот свој живејте во шатори, за да поживеете долго на оваа земја, каде што сте туѓинци.‘
8 И ние го послушавме гласот на на­шиот татко Јонадав, син Рихавов, во сѐ, што ни заповеда да не пиеме вино во текот на сите наши дни, ние и жени­те наши, синовите наши и ќерките наши,
9 и да не правиме куќи за наше жи­веење; и, ете, ние немаме ни лозја, ни ниви, ниту градини,
10 туку живееме во шатори и во сѐ се покоруваме и го вршиме сето она, што ни заповеда нашиот татко Јонадав.
11 А кога вавилонскиот цар Навухо­доносор дојде во оваа земја, ние си ре­ковме: да си одиме, да појдеме во Еру­салим пред халдејската војска и пред арамејската војска, и, еве, ние живееме во Ерусалим.“
12 И дојде слово Господово до Ере­мија:
13 вака вели Господ Саваот, Бог Изра­елов: оди, кажи им на луѓето Јудини и на жителите ерусалимски зар нема да извлечете поука од ова за себе, па да ги послушате зборовите Мои, вели Господ.
14 Се исполнуваат зборовите на Јона­дав, синот Рихавов, кој им заповеда на синовите свои да не пијат вино, и тие до ден денес не пијат, бидејќи му се покоруваат на заветот што му го дале на својот татко; Јас, пак, постојано ви зборував од рано утро, а вие не Ме послушавте.
15 Ги испраќав Јас кај вас сите Мои слуги пророците ги праќав од рано утро, и велев повратете се секој од својот лош пат и исправете го поведението свое и не одете по други богови, за да им служите, па ќе живеете во оваа земја, која ви ја дадов вам и на тат­ковците ваши; но вие не го приклонивте увото и не Ме послушавте.
16 Бидејќи синовите на Јонадав, синот Рихавов, ја исполнуваат заповедта на својот татко, што беше им ја дал, а овој народ Мој Мене не Ме слуша,
17 затоа, вака вели Господ, Бог Са­ваот, Бог Израелов еве, Јас ќе го испратам врз Јудеја и врз сите жители ерусалимски сето ова зло, што го изреков врз нив, зашто Јас им зборував, а тие не слушаа, им викав, а тие не одговараа.
18 А на семејството Рихавовци, Ере­мија им рече вака вели Господ Саваот, Бог Израелов: бидејќи го послушавте заветот на вашиот татко Јонадав и ги пазите сите негови заповеди и во сѐ постапувате, како што ви заповедал,
19 затоа, вака вели Господ Саваот, Бог Израелов никогаш нема да недостига од Јонадав, синот Рихавов, човек кој ќе стои пред лицето Мое во сите дни.