1Потоа Господ ми рече: „Оди и повторно засакај ја жената, која ги сака злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израелови, а тие гледаат по туѓи богови и ги сакаат нивните пити од грозје.“
2Ја откупив за петнаесет сребреници и за гомер и полугомер јачмен;
3па ѝ реков: „Ќе останеш кај мене подолго време; не блудствувај и не оди со други; а и јас нема да ти приоѓам.“
4Зашто синовите Израелови ќе останат долго време без цар, без кнез и без жртви, без жртвеник, без ефод и без јавување.
5Потоа синовите Израелови ќе се повратат и ќе Го побараат Господа, својот Бог, и Давид, својот цар, ќе се чудат пред Господ на Неговата благост во последните дни.