Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 16

:
Macedonian - 2006
1 Но Сараја, жената на Аврам, не му раѓаше. А имаше таа слугинка Египќанка, по име Агара.
2 И му рече Сараја на Аврам: „Ете, Господ ми ја затвори утробата за да не раѓам; туку влези кај слугинката моја, можеби ќе добијам деца од неа.“ И Аврам ги послуша зборовите Сарајини.
3 И така, откако Аврам преседе десет години во земјата хананска, Сараја, жената Аврамова, ја зеде слугинката своја, Египќанката Агара, и му ја даде на мажот свој Аврам за жена.
4 И тој влезе кај Агара, и таа зачна; а кога виде дека зачна, ја презре господарката своја.
5 А Сараја му рече на Аврам: „Нав­редата моја е вина твоја; јас ти ја препуштив во прегратки слугинката моја, а таа, откако разбра дека зачна, започна да ме презира. Господ нека суди меѓу мене и тебе!“
6 Тогаш Аврам ѝ рече на Сараја: „Ете, слугинката твоја е во твои раце, прави со неа што сакаш!“ И Сараја почна да ја угнетува, и таа избега од неа.
7 Но ангел Господов ја најде кај из­ворот во пустината, кај изворот на патот за Сур.
8 И ѝ рече: „Агаро, слугинко Сара­јина, од каде доаѓаш и каде одиш?“ А таа рече: „Бегам од Сараја, господарката моја.“
9 Ангелот Господов пак ѝ рече: „Врати се кај господарката твоја и по­кори ѝ се!“
10 И ангелот Господов уште рече: „Ќе го умножам многу потомството твое, така што не ќе може да се изброи.“
11 И пак ѝ рече ангелот Господов: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син, и ќе го наречеш со името Исмаил; би­дејќи Господ ја чу маката твоја.
12 Тој ќе биде силен како диво магаре: раката негова ќе се крева против секого, и сечија рака ќе се крева против него; и ќе живее пред лицето на сите браќа свои.“
13 Тогаш таа Го нарече Господа, Кој ѝ зборуваше: „Ти си Ел-Рои Бог што гледа сѐ“, зашто рече: „Пред себе Го видов Бога и останав жива!“
14 Заради тоа тој извор се нарече Беер Лахај Рои „Извор на живиот Кој ме гледа“, а се наоѓа меѓу Кадис и Беред.
15 И му роди Агара на Аврам син; и му стави Аврам на синот свој, кого го роди Агара, име Исмаил.
16 А Аврам имаше осумдесет и шест години кога Агара му го роди Исмаил.