Esther 42006

1Кога Мардохеј дозна за сѐ што се правеше, ја раскина облеката, стави врз себе вреќиште и пепел, излезе среде градот и викаше силно и со огорченост: „Се истребува народ во ништо необвинет.“

2И дојде до царската порта и запре, бидејќи не можеше да влезе со вре­ќиште и со пепел.

3Исто така и во секоја област и мес­то, каде и да пристигнеше запо­ведта на царот и повелбата негова, настануваше голема тага кај Јудеј­ците и пост и пла­чење и викање; вре­ќиштата и пепелта им служеа како постела на мнозина.

4Дојдоа слугинките и дворјаните на Естира и ѝ раскажаа сѐ; царицата силно се возбуди. Таа испрати облека да го преоблечат Мардохеј и да го симне од себе вреќиштето. Но тој не ги прими.

5Тогаш Естира го повика Хатах, еден од евнусите на царот, кого тој го беше одредил да биде покрај неа, и го испра­ти кај Мардохеј да дознае: што значи тоа и зошто е?

6Хатах отиде кај Мардохеј на градскиот плоштад што беше пред царската порта.

7Мардохеј му раскажа за сѐ што се беше случило со него, и за определеното количество сребро, што Аман го бе­ше ветил да го одмери во царската риз­ница за да бидат истребени Јудејците;

8и му врачи препис од повелбата, објавена во Суза, за истребувањето нивно за да ѝ ја покаже на Естира, та таа да дознае за сѐ; притоа ѝ порача да оди кај царот и да му се моли за својот народ.

9Хатах дојде и ѝ ја предаде на Естира пораката на Мардохеј.

10И му рече Естира на Хатах, испраќајќи го, да му каже на Мардо­хеј:

11„Сите слуги кај царот и народите во царските области знаат дека секој, било тоа маж или жена, што ќе влезе кај царот од внатрешниот двор, а да не е повикан, го очекува една пресуда — смрт; само оној, кон кого царот ќе го пружи својот златен жезол, останува жив. А јас не сум повикана кај царот еве веќе триесет дена.“

12И му ги пренесоа на Мардохеј зборовите на Естира.

13Мардохеј во одговор ѝ рече на Естира: „Не мисли дека ти единствена од сите Јудејци ќе се спасиш во цар­скиот дом.

14Ако ти премолчиш во ова време, тогаш слободата и спасението на Ју­дејците ќе дојде од друго место, а ти и домот на таткото твој ќе загинете. И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство?“

15А Естира му одговори на Мар­дохеј, велејќи:

16„Оди, собери ги сите Јудејци што се наоѓаат во Суза, и постете за мене, и не јадете, и не пијте три дена, ни дење ни ноќе, и јас со слугите свои исто така ќе постам и потоа ќе одам кај царот, иако е тоа и против зако­нот, па ако загинам — нека загинам.“

17Тогаш отиде Мардохеј и направи, како што му порача Естира.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for Esther 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.

Esther 4 (2006) | BibleTools.io