Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Colossians 3

:
Macedonian - 2006
1 И така, ако сте воскреснале заедно со Христос, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно на Бога;
2 мислете за небесното, а не за земното.
3 Зашто вие умревте, и вашиот живот е сокриен со Христос во Бога.
4 А кога ќе се јави Христос, вашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава.
5 Затоа умртвете ги органите од земната природа во вас, односно блудството, нечистотата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство!
6 Поради тие пороци доаѓа гневот Божји врз синовите на непослушноста,
7 меѓу кои некогаш се движевте и вие, кога живеевте во тие пороци.
8 А сега и вие отфрлете сѐ од себе: гневот, лутината, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста!
9 Не лажете се еден со друг, зашто ве­ќе го соблековте стариот човек заедно со неговите дела,
10 и се облековте во новиот, кој се об­новува во познанието, според образот на својот Создател.
11 Тука нема повеќе ни Елини, ни Јудејци, ни обрезани, ни необрезани, ни варварин, ни скит, ни роб, ни слободен, а сѐ и во сѐ е Христос.
12 И така, како избраници Божји, све­ти и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост;
13 трпете се еден со друг и проштавај­те си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!
14 А над сето тоа облечете се во љу­бов, која сѐ сврзува во совршенството,
15 и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!
16 Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пе­ејќи Му на Господ со благодарност во срцата ваши!
17 И сѐ што правите со збор или со де­ло, правете го во името на Господ Исус Христос, благодарејќи Му преку Него на Бога и Отецот!
18 Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како што прилега во име­то на Господ!
19 Вие, мажите, сакајте ги жените свои и не огорчувајте ги!
20 Деца, на родителите свои бидете им послушни во сѐ, зашто тоа Му е бла­го­угодно на Господ!
21 Татковци, не дразнете ги децата свои, за да не паѓаат со духот!
22 Вие, слуги, во сѐ бидете им пос­луш­ни на своите земни господари по тело, слугувајте им не само пред очи како оние што сакаат да се умилкуваат на луѓето, туку во простота на срцето, со страхопочит кон Бога!
23 И сѐ што правите, правете го од ду­шата, како за Господ, а не за луѓе,
24 знаејќи дека како награда ќе добиете од Господ наследство, бидејќи на Господ Христос Му служите.
25 А кој врши неправда, ќе добие според неправдата своја; и нема да има пристрасност!