Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

3 John 1

:
Macedonian - 2006
1 Свештеникот до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.
2 Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на душата твоја.
3 Многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина односно како ти одиш во вистината.
4 За мене нема поголема радост од тоа да слушнам дека моите чеда одат во вистината.
5 Возљубен, ти постапуваш верно во сѐ што го правиш за браќата и гостите.
6 Тие ја посведочија твојата љубов пред Црквата. Добро ќе направиш ако ги приготвиш пред Бога како што тре­ба.
7 Бидејќи поради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незнабошците.
8 Ние сме, пак, должни да примаме такви, за да станеме соработници со вистината.
9 Јас напишав неколку збора до Цр­к­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прими нас.
10 Затоа, ако дојдам, ќе му спомнам за делата негови што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата сам не ги прима, а им забранува да ги примаат и оние кои сакаат да ги примат, и ги гони од Црк­вата.
11 Возљубени, не угледувајте се на злото, туку на доброто. Кој добро чини, од Бога е; а кој прави зло, не Го видел Бога.
12 За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме, исто така, и ние; а вие знаете дека сведоштвото наше е вистинско.
13 Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,
14 туку се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в ли­це.
15 Мир за тебе! Те поздравуваат прија­телите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!