2 Samuel 102006

1По извесно време умре амонскиот цар, и наместо него стана цар синот негов Анон.

2И Давид рече: „Ќе покажам ми­лост кон Анон, Нахасовиот син, за добрината што ми ја направи него­виот татко.“ Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Анон поради татко му. И Давидовите слуги отидоа во земјата на Амониевите синови.

3Но амонските кнезови му рекоа на господарот свој Анон: „Зар мислиш дека Давид од почит кон татко ти ис­пратил кај тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои кај тебе за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го разурнат?“

4И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи поло­вината од брадата и им ги потсече алиш­тата на половина, до крстот и ги пушти.

5Кога му јавија за тоа на Давид, тој испрати луѓе да ги пречекаат, бидејќи беа многу обесчестени. И царот заповеда да им кажат: „Останете во Ерихон додека да ви пораснат брадите, и тогаш вратете се.“

6Видоа Амонците дека станаа на­мразени кај Давид; па испратија Амон­ците луѓе да најмат Арамејци од Бет-Рехов и Арамејци од Цова — дваесет илјади пешаци, од царот Мааха — илјада души и од Тов — дванаесет илјади души.

7Кога Давид слушна за тоа, го испрати Јоав со сета храбра војска.

8Излегоа Амонците и се распоредија за борба кај портите, а Арамејците од Цова и Рехов, како и луѓето на Тов и Мааха се задржаа одделно во полето.

9Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците;

10а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците.

11Тогаш рече Јоав: „Ако Арамеј­ците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците поч­нат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош;

12биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она што е добро во Неговите очи.“

13И влезе Јоав, и народот што беше со него, во борба против Арамејците, и тие избегаа од него.

14Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим.

15Арамејците штом видоа дека Изра­елците ги разбија, се собраа сите наедно.

16И Адраазар испрати гласници за да ги повика Арамејците што беа од онаа страна на Еуфрат, и, ете, дојдоа до Хелам; а Совак, Адраазаров воен на­чалник, ги предводеше.

17Кога му јавија за тоа на Давид, тој ги свика сите Израелци, го премина Јордан и стигна до Хелам. Арамеј­ците се распоредија против Давид и се судрија со него.

18Арамејците избегаа од Израел­ците, а Давид уништи седумстотини арамеј­ски бојни коли и уби четирие­сет илјади коњаници, удри по вој­сководачот Со­вак, и тој таму умре.

19Кога сите потчинети цареви на Адраазар видоа дека Израелците ги разбија, склучија со Израелците мир и им се покорија. И Арамејците веќе се плашеа да им помагаат на Амонците.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Samuel 10.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.