2 Peter 22006

1А во народот имаше и лажни проро­ци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.

2И мнозина ќе појдат по нивните не­чистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен.

3И, побудувајќи ве од користољу­би­вост, ќе ве привлекуваат со ласкави збо­рови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.

4Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот;

5и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное, проповедникот на правдата;

6и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на ид­ни­те безбожници,

7а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.

8Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа;

9значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден;

10а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни по­хоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,

11но дури ни ангелите, кои се пос­наж­ни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.

12А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,

13добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;

14имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­вр­дените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!

15Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда,

16но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.

17Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш.

18Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и не­чис­то­тија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.

19Им ветуваат слобода кога тие са­ми­те се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.

20Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото!

21За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена.

22Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња — во калта.“

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Peter 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.