2 Kings 252006

1Во деветтата година од царувањето свое, во десеттиот месец, на десеттиот ден од месецот, вавилонскиот цар Навуходоносор дој­де со сета своја војска пред Ерусалим, го опседна и направи околу него опкоп.

2И градот стоеше во опсада до единаесеттата година од владеењето на царот Седекија.

3На деветтиот ден од четвртиот месец гладот се засили во градот, и на­родот немаше леб.

4Градот беше преземен, и сите воени лица избегаа ноќе по патот кон портите, меѓу двата ѕида што се до царската градина; а Халдејците стоеја околу градот, и царот отиде по патот кон рамнината.

5Халдејската војска се спушти по ца­рот и го стигна во Ерихонските рамнини, и сета војска негова се разбега од него.

6Тогаш го фатија царот, го одведоа кај вавилонскиот цар во Ривла и извршија над него суд;

7синовите на Седекија ги заклаа пред очите негови, а на Седекија му ги избодеа очите, го оковаа во окови и го одведоа во Вавилон.

8На петтиот месец, на седмиот ден од месецот, односно во деветнаесеттата година од владеењето на вавилонскиот цар Навуходоносор, дојде Невузардан, заповедник на телохранителите, слуга на вавилонскиот цар, во Ерусалим

9и го изгоре домот Господов и цар­скиот дом, и сите куќи во Ерусалим, и сите големи куќи ги изгоре со оган;

10и ѕидовите околу Ерусалим беа урнати од халдејската војска што беше со заповедникот на телохранителите.

11А другиот народ што беше оста­нал во градот, и одметниците, кои му се предале на вавилонскиот цар, а и другиот народ ги исели Невузардан, запо­ведникот на телохранителите.

12Само малкумина од сиромасите на оваа земја заповедникот на тело­хранителите ги остави за работници во лозјата и за земјоделци.

13И бронзените столбови во домот Господов, и подножјата, и бронзеното море во домот Господов Халдејците го испокршија и ја однесоа бронзата нивна во Вавилон;

14и котлите, и лопатките, и штипки­те, и лажиците, и сите бакарни садови што се употребуваа во служ­бата, ги кренаа;

15и кадилниците, и садовите, — сѐ што имаше златно, и сѐ што имаше сребрено, го зеде заповедникот на телохра­нителите;

16столбови два, море едно, и поднож­јата што Соломон ги беше направил во домот Господов, — бронзата во сите тие работи немаше мерка.

17Едниот столб беше висок осумнаесет лакти, главата му беше од бронза, а висината на главата — три лакти, и мрежата на наровите околу главата — сето тоа беше од бронза. Тоа исто го имаше и другиот столб со мрежата.

18Заповедникот на телохранителите го зеде првосвештеникот Сераја, заме­никот-првосвештеник Софонија и тројца свештеници-вратари.

19Од градот тој зеде еден дворски човек, кој беше заповедник на воените лица, и петте души што стоеја пред царското лице и се наоѓаа во градот, и главниот писар на војската што го запишуваше во војската народот на земјата, и шеесет души од народот на земјата, кои се наоѓаа во градот.

20Ги зеде Навузардан, началникот на телохранителите, и ги одведе кај вавилонскиот цар во Ривла.

21И вавилонскиот цар ги порази и ги погуби во Ривла, во земјата Хамат. И Јудејците беа иселени од земјата своја.

22А над народот, оставен во јудејската земја, вавилонскиот цар Навуходо­носор го постави за управ­ник Годолија, синот на Ахикам, Сафанов син.

23Кога сите војсководци, тие и луѓето нивни, слушнаа дека вавилонскиот цар го поставил за управник Годолија, дојдоа кај Годолија во Мицпа: Исмаил, синот на Нетанија, Јоханан, син на Кареах, Сераја, син на Танхусмет од Нетофа, и Јаазанјаху од Мааха, тие и луѓето нивни.

24И им се заколна Годолија, ним и на луѓето нивни, и им рече: „Не плашете се што ќе бидете потчинети на Халдеј­ците; населувајте се во земјата, служете му на вавилонскиот цар и ќе ви биде добро.“

25Но во седмиот месец дојде Исма­ил, синот на Нетанија, Елишамаев син, од царски род, со десет души, го порази Годолија, и тој умре, а и Јудејците, и Халдејците што беа во Мицпа.

26Тогаш се крена сиот народ, од мало до големо, и војсководците, па отидоа во Египет, зашто се плашеа од Хал­дејците.

27Во триесет и седмата година од преселувањето на јудејскиот цар Јехониј, во дванаесеттиот месец, на дваесет и седмиот ден од месецот, вавилонскиот цар Евил-Меродах, во годината на зацарувањето свое, го изведе од затвор јудејскиот цар Јехониј,

28говореше со него пријателски и го постави престолот негов погоре од престолот на царевите што беа пред него во Вавилон;

29и му ја смени затворската облека негова; и секогаш Јехониј јадеше со него, во сите дни на животот свој.

30За постојана издршка, му се даваше на царот, секој ден, во сите дни на неговиот живот.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Kings 25.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.