2 Kings 192006

1Кога го слушна тоа царот Езекија, ја раскина облеката своја, се покри со вреќиште и отиде во до­мот Господов.

2И ги испрати Елијаким, управ­никот на дворецот, писарот Севна и постарите свештеници, покриени со вреќишта, кај пророкот Исаија, синот на Амоц.

3Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: Ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто дојде часот да се родат децата, но нема сила за раѓање.

4Можеби Господ, твојот Бог, ќе ги чуе сите зборови на аѓутантот, кого господарот негов, асирскиот цар, го испрати да Го навредува живиот Бог и да Го укорува со зборови, какви што чу Господ, твојот Бог. Затоа помоли се за другите, кои сѐ уште се живи.“

5Откако пратениците на царот Езе­кија му ја пренесоа пораката на царот на Исаија,

6тој им рече: „Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не плаши се од зборовите што ги слу­шна, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘

7Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест, и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.“

8Тогаш царскиот аѓутант слушна дека неговиот господар го напуштил Лакиш, па се врати и го најде како војува со Ливна.

9Потоа царот слушна и за етиопскиот цар Тирхака, за кого му рекоа: „Ете, тој излезе да се судри со тебе,“ и повторно испрати пратеници кај Езеки­ја да му кажат:

10„Вака кажете му на јудејскиот цар Езекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Еру­салим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘

11Зар не си чул што направија асир­ските цареви со сите земји, уништувај­ќи ги наполно, — та ти ли ќе се избавиш?

12Дали боговите ги спасија овие народи што ги сотреа моите предци? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Рецеф и луѓето на Еден, кој е во Таласар?

13Каде е царот на Хамат, и царот на Арпад, и царот на градот Сефарваим, на Хена и на Ива?“

14Тогаш Езекија го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, оти­де во домот Господов, и го објави Езе­кија пред лицето Господово;

15и се молеше Езекија пред лицето Господово и велеше: „Господи, Боже Израелов, Кој седиш на херувими! Ти си единствен Бог на сите земни царства. Ти ги создаде небото и земјата.

16Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сена­хирим, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог!

17Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни,

18и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изра­ботки на човечки раце, — дрво и камен, затоа и ги истребија.

19И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од рацете негови, и сите земни царства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.“

20Тогаш Исаија, синот на Амоц, испрати да му кажат на Езекија: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚го чув ова за кое ти Ми се молеше против асир­скиот цар Сенахирим.‘

21Еве го словото што Господ го изре­че за него: Те презира, ти се потсмева девицата ќерка на Сион, зад твојот грб ќе ја заниша главата ќерката ерусалимска.

22Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо ги крена очите? Против Светецот Израелов?

23Преку твоите пратеници ти Го навредуваше Господа и велеше: — ‚со многу коли се качив на горските висо­чини, по ридовите на Ливан, ги исеков високите кедри негови и прекрасните кипариси негови и стигнав до најоддалеченото негово пристаниште, до гасталакот на градината негова;

24ископав и пиев туѓа вода, и ги пре­сушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки.‘

25Зар не си чул дека Јас одамна сум го направил тоа, во древни времиња сум го преднацртал, а сега го исполнив пре­ку тоа што ти опустошуваш утврдени градови, претворајќи ги во купишта урнатини?

26И жителите нивни изнемоштеа, треперат и се срамуваат. Тие станаа ка­ко полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее.

27Кога седнуваш, кога излегуваш, или влегуваш, Јас сѐ знам; ја знам и дрскоста твоја против Мене.

28Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ќе ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ќе те вратам назад по ис­тиот пат, по кој си дошол.

29И, еве ти знак: јадете го оваа година — самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови.

30И спасението во Јудиниот дом, пак ќе пушти корен одоздола и ќе даде плод озгора,

31зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и спасеното — од гората Сион. Ревноста на Господарот на небес­ните сили ќе го направи тоа.

32Затоа вака говори Господ за асир­скиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него.

33По истиот пат, по кој дошол, ќе се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ.

34Јас ќе го пазам тој град за да го запазам за Себе и за Мојот слуга Давид.“

35И ова се случи во таа ноќ: ангел Господов отиде и во асирскиот логор уби сто осумдесет и пет илјади војници. Изутрината кога преживеаните станаа, тие ги видоа мртвите тела.

36Тогаш царот на Асирија Сенахирим тргна, се врати во Ниневија и таму остана.

37И додека се поклонуваше во храмот на својот бог Нисрох, него­вите синови Адрамелех и Шарецер го убија со меч и избегаа во земјата Арарат. На негово место се зацари неговиот син Есар-Ха­дон.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Kings 19.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.