2 Kings 122006

1Јоас беше на седум години, кога стана цар.

2Тој стана цар во седмата година од владеењето на Јуј и царуваше во Еру­салим четириесет години. Мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија.

3А Јоас го правеше она што беше правилно пред очите на Господ во сите денови додека го поучуваше свеш­теникот Јодај;

4само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.

5Јоас им кажа на свештениците: „Си­те пари од посветените дарови што се донесуваат во домот Господов, парите кои некому му се наметнати со процена, и парите што некои по сопствена волја ги принесуваат во домот Господов;“

6„Свештениците нека ги приберат, секој од својот познат, и со нив нека го поправат расипаното во храмот, насека­де, каде што ќе се најде оштетено.“

7Но бидејќи до дваесет и третата го­дина на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот,

8царот Јоас го повика тогаш свеш­теникот Јодај и свештениците и им рече: „Зошто не ги поправате расипа­ните работи во храмот? Отсега нема веќе да прибирате пари од своите познати, туку ќе ги оставате за поправка на храмот.“

9И свештениците се согласија да не прибираат веќе кај себе пари од народот за поправки во храмот.

10Тогаш свештеникот Јодај зеде едно ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свеш­тениците што стоеја на стража кај вра­тата, ги пуштаа таму сите пари што се внесуваа во домот Господов.

11И кога ќе видеа дека има многу пари во ковчежето, доаѓаше царскиот писар и првосвештеникот и ги врзуваа во торби и ги пребројуваа парите што се наоѓаа во домот Господов,

12а преброените пари ги предаваа во рацете на определените за надзорници на домот Господов, и тие им плаќаа на дрводелците што работеа во домот Господов,

13и на ѕидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Гос­подов, и за сѐ што се трошеше за одржување на храмот.

14Но за домот Господов не беа направени ни сребрени чинии, ни штип­ки, ни котлиња за росење, ни труби — никакви златни садови, и сребрени са­дови не беа направени од парите што се внесуваа во домот Господов,

15туку ги предаваа на надзорниците и тие го поправаа со нив домот Господов.

16И не бараа сметка од оние, на кои им ги доверуваа парите за плаќање на работниците, зашто тие постапуваа чесно.

17Парите од жртвите за вина и пари­те од жртвите за грев не се внесуваа во домот Господов: тоа беше за свеш­тениците.

18Тогаш царот на Арам Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.

19Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано што го беа жртвувале на храмот неговите предци, јудејските цареви Јосафат, Јорам и Охозија, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Госпо­дов и на царскиот дом, и му го испрати на арамејскиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.

20Другото за Јоас и за сѐ што тој из­вршил, е опишано во летописите на јудејските цареви.

21И се побунија слугите негови, на­правија заговор и го убија Јоас во Бет-Мило, на патот за Сила.

22Го убија слугите негови: Јозавад, синот на Шимат, и Јехозавад, синот на Шомер, и тој умре, и го погребаа кај неговите предци во Давидовиот град. На негово место стана цар неговиот син Амасија.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Kings 12.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.