2 Kings 12006

1По смртта на Ахав, Моав се побуни против Израел.

2А Охозија падна низ прозорецот на горната соба од својот дворец, во Сама­рија, и тешко се повреди. Па испрати гласници и им рече: „Одете, прашајте го Веелзевул, екронското божество: ќе оздравам ли од оваа повреда?“

3Тогаш ангел Господов му кажа на Илија тишбеецот: „Стани, пресретни ги пратениците на самарјанскиот цар и кажи им: ‚Зарем во Израел нема Бог, та сте тргнале да го прашате Веелзевул, екронското божество?‘

4Затоа вака вели Господ: ‚Од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“ И отиде Илија.

5Се вратија гласниците кај Охозија. И тој ги праша: „Зошто се вративте?“

6Тие му одговорија: „Не пресретна еден човек и ни рече: ‚Одете, вратете се кај царот, кој ве испратил, и кажете му: вака вели Господ: зар во Израел нема Бог, та испраќаш да го прашаш Веел­зевул, екронското бо­жество? Затоа од постелата на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.‘“

7Тој ги праша: „Каков беше на изглед оној човек што ве пресретна и ви ги кажа тие зборови?“

8Тие му одговорија: „Тој човек цели­от беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.“ Тој рече: „Тоа е Илија тишбеецот.“

9Тогаш испрати царот кај него педе­сетник со неговите педесетмина војници. И тој се искачи кај него, кога Илија седеше на врвот од гората, и му рече: „Човеку Божји, царот нареди да сле­зеш.“

10Одговори Илија и му рече на педе­сетникот: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина војници.“ И падна оган од небото и го изгори него и неговите педесетмина.

11Царот испрати друг педесетник со неговите педесетмина војници. И тој му проговори и рече: „Човеку Божји, вака вели царот: ‚Слези поскоро!‘“

12Илија одговори и му рече: „Ако сум јас човек Божји, нека падне оган од небото и нека те изгори тебе и твоите педесетмина.“ И падна оган Божји од небото и го изгоре него и неговите педесетмина војници.

13Царот испрати по третпат педе­сетник со неговите педесетмина вој­ници. Третиот педесетник стана, та дојде, и падна на коленици пред Илија, го молеше и му зборуваше: „Човеку Божји, да не биде презрена душата моја и душата на твоите слуги — овие педе­сетмина — пред твоите очи.

14Ете, падна оган од небото и ги изгоре двајцата претходни педесетници со нивните педесетмина војници; но сега да не биде презрена душата моја пред твоите очи!“

15Тогаш му рече ангелот Господов на Илија: „Оди со него и не плаши се од него.“ И тој стана, та отиде со него кај царот.

16И му рече: „Вака вели Господ: ‚Поради тоа што испрати гласници да го прашаат Веелзевул, екронското бо­жество, како да немаше во Израел Бог да Го прашаш за словото Негово, — ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ќе умреш.‘“

17И тој умре според словото Гос­подово што го изрече Илија. И стана цар Јорам, место него, во втората година на Јорам, синот на Јосафат, царот јудејски, бидејќи оној немаше син.

18Другото за Охозија, она што го из­вршил тој, е опишано во летопи­сите на израелските цареви.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Kings 1.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.