2 Chronicles 262006

1Сиот народ го зеде Озија, кој имаше шеснаесет години, та го постави за цар на местото на таткото негов Амасија.

2Тој го изгради Елат и ѝ го врати на Јудеја, откако царот, таткото негов, по­чина кај своите предци.

3Озија имаше шеснаесет години, кога стана цар, и царуваше во Еруса­лим пе­десет и две години; мајка му се викаше Јехолија од Ерусалим.

4Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, токму онака, ка­ко што правеше и татко му Амасија;

5се определи за Бога во дните на Захарија, кој го учеше на страхо­почит кон Бога; и во оние денови, додека се обраќаше кон Господ, Бог му помагаше.

6Тој излезе и се судри со Филистеј­ците и ги разруши ѕидовите на Гет, и ѕи­довите на Јавнија, и ѕидовите на Ашдот; ги изгради градовите во областа Ашдот и кај Филистејците.

7И Бог му помагаше против Филис­тејците и против Арапите, што жи­вееја во Гур-Ваал, и против Меун­ците.

8И Амонците му плаќаа данок на Озија; и се прочу името негово сѐ до египетските предели, зашто беше многу силен.

9Озија изгради кули во Ерусалим над аголните порти, над портите кон доли­ната и на аголот, и ги зацврсти.

10Изгради кули и во пустината, иско­па и многу кладенци, бидејќи тој имаше многу добиток, како во низините, така и во рамнината, и земјоделци и градинари по планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството.

11Озија имаше војска, која излегуваше во војна по одреди, според она ка­ко што беа изброени во списокот, соста­вен од раката на писарот Јеиел, и надѕирателот Маасејаху, под водството на Хананјаху, голем царски великодостој­ник.

12Сите глави на семејства, храбри војници, беа на број две илјади и шестотини,

13и под команда на раката нивна имаше воена сила триста и седум илјади и петстотини души, кои влегуваа во битка со воинствена храброст, да му по­магаат на царот против непријателот.

14И подготви Озија за нив, за целата војска, штитови и копја, шлемови и оклопи, лакови и камења за праќки.

15Направи во Ерусалим вешто из­мислени машини, да стојат на кулите и аглите, за да се фрлаат со нив стрели и големи камења. И се прочу името негово далеку, зашто се беше зацврстил чудно и беше станал многу силен.

16Но кога стана силен, се возгордеа срцето негово за негово загинување, и тој стана престапник пред Господ, не­говиот Бог, зашто влезе во храмот Господов за да запали темјан на кадилниот жртвеник.

17По него отиде свештеникот Аза­рија и со него осумдесет Господови свештеници, одлични луѓе;

18тие му се противставија на царот Озија и му рекоа: „Не е твоја работа, Озија, да Му кадиш на Господ; тоа е работа на свештениците, синови Аро­нови, посветени за кадење; излези од светилиштето, зашто направи престап, и тоа нема да ти биде за чест пред Господ Бог!“

19Се налути Озија, — а во раката не­гова имаше кадилница за кадење, и кога се налути на свештениците, се појави лепра на челото негово, пред лицето на свештениците во домот Господов, при кадилниот жртвеник.

20Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, има­ше лепра на челото негово. Го при­нудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ.

21И остана лепрозен царот Озија до денот на смртта своја, и живееше во посебна куќа и беше отстранет од до­мот Господов. А Јотам, неговиот син, управуваше над царскиот дом и му судеше на народот во земјата.

22Другите дела Озиеви, од првите и до последните, ги опишал пророкот Исаија, син Амоцов.

23И почина Озија кај своите предци, и го погребаа кај предците негови во по­лето кај царските гробници, зашто ве­леа, тој е лепрозен. А наместо него ста­на цар синот негов Јотам.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 26.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.