2 Chronicles 232006

1Но во седмата година Јодај се охрабри и ги зеде во сојуз со се­беси стоначалниците, Азарија, си­нот Јерохамов, Исмаил, синот Јоана­нов, Азарија, синот Овидов, Маасеја­ху, си­нот Адаев, и Елишафат, син Зихриев.

2Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Јудеја и израелските старешини на тат­ковските домови и дојдоа во Ерусалим.

3И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јодај им рече: „Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови.

4Еве, што ќе направите: едната тре­тина од вас, свештениците и левитите, што доаѓаа во сабота, нека бидат вратари кај праговите,

5втората третина — кај царскиот дом, третата третина — кај портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов.

6И никој да не влегува во домот Гос­подов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека се придржува кон наредбите Гос­подови.

7И левитите нека го опколат царот од сите страни, секој со оружје в рака, и кој ќе влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете со царот, каде и да вле­зе или излезе.“

8Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите луѓе, што доаѓаа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените.

9Свештеникот Јодај им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом;

10и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната стра­на на храмот кај жртвеникот и кај до­мот околу царот.

11Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија круна и го прогласија за цар; го помаза Јодај и синовите негови и извика: „Да живее царот!“

12Кога го чу Готолија гласот на раз­движениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господов

13и виде: ете царот стои на своето возвишено место кај влезот, а кај царот — началници и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со труби и со свирки, пејачи вешти во славословење. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: „Предавство! Предавство!“

14Тогаш свештеникот Јодај ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од храмот, и кој ќе тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештеникот рече: не ја убивајте во домот Господов.“

15И ѝ направија пат; а кога таа дојде до влезот на Коњската Врата на пат кон царскиот дом, ја убија таму.

16Јодај воспостави завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Господов.

17И целиот народ отиде во храмот на Ваал, та го разруши, и жртве­ниците негови и идолите негови ги разрушија, а Матан, Вааловиот свеш­теник, го убија пред жртвениците.

18И Јодај ги постави службите на Господовиот дом во рацете на левитските свештеници и ги обнови днев­ните свештенички и левитски смени, како што ги беше распоредил Давид во домот Господов, да Му принесуваат се­паленица на Господ, како што е напи­шано во законот Мојсеев, со радост и пеење, според Давидовата уредба.

19И постави вратари кај вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било.

20И ги зеде стоначалниците и вел­можите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Госпо­дов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол.

21И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се успокои, откако Гото­лија ја убија со меч.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 23.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.