2 Chronicles 122006

1Кога царството на Ровоам се зацврсти, и тој стана силен, го ос­тави законот Господов, а заедно со него и сиот Израел.

2На петтата година од Ровоамовото царување, бидејќи Му беа неверни на Господ, Шишак, египетскиот цар, се крена против Ерусалим,

3со илјада и двесте коли и шеесет илјади коњаници; со него од Египет дој­де безброен народ: Либијци, Су­кимци и Етиопјани.

4И ги презеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим.

5Тогаш пророкот Шемаја дојде кај Ровоам и кај јудејските началници, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Шишак, и им рече: „Вака вели Господ: ‚Вие Ме оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Шишак.‘“

6Израелските началници и царот понизно рекоа: „Праведен е Господ!“

7Кога виде Господ дека тие се пони­зија, дојде словото Господово до Шемаја и беше речено: „Нема да ги погубам, туку наскоро ќе ги избавам; Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката на Шишак;

8сепак, тие ќе му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства.“

9Египетскиот цар Шишак дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на до­мот Господов и ризниците на царскиот дом; одзеде сѐ, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соло­мон.

10Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во ра­цете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом.

11Кога одеше царот во Господовиот дом, доаѓаа чуварите и ги носеа, а потоа пак ги враќаа во живеалиштето на чу­варите.

12И бидејќи тој се понизи, гневот Гос­подов се одврати од него и не го уништи сосем, зашто и во Јудеја имаше нешто добро.

13Се зацврсти царот Ровоам во Еру­салим и царуваше. Кога се зацари, тој беше на четириесет и една година, а царуваше седумнаесет години во Еру­салим, во градот, кого Господ го избра меѓу сите племиња Израелови, за да го постави таму името Негово. Мајка му се викаше Ноема, а беше Амонка.

14Тој правеше зло, зашто не го беше насочил срцето свое за да Го бара Господа.

15А делата на Ровоам, од првите, до последните, се опишани во записите на пророкот Шемаја и јасновидецот Идо и во родословијата. Помеѓу Ровоам и Јеровоам постојано имаше војни.

16Ровоам почина кај своите предци и беше погребан во Давидовиот град. И на негово место се зацари неговиот син Авија.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

Choose Translation

Switch translation for 2 Chronicles 12.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.