Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Timothy 3

:
Macedonian - 2006
1 Но ова знај го: во последните де­н­ови ќе настанат тешки времиња.
2 Зашто луѓето ќе станат себељубиви, среброљубиви, самофалци, горделивци, хулители, непокорни кон родителите, неблагодарни, неправедни, безбожници,
3 непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци,
4 предавници, пребрзи, надуени, по­веќе сластољубиви отколку богољубиви,
5 на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив бегај!
6 Кон нив припаѓаат и оние што се завлекуваат по куќите и измамуваат жени што се претоварени со гревови и обземени од разни похоти,
7 жени, кои секогаш се учат и никогаш не можат да дојдат до спознание на вистината.
8 Па, како што Јаниј и Јамвриј му се противеа на Мојсеј, така и тие ѝ се противат на вистината, бидејќи се луѓе со изопачен ум, отпаднати од верата.
9 Но нема да успеат повеќе, зашто безумието нивно ќе им стане јасно на сите, како што се случи и со оние двајца.
10 Ти го следеше моето учење, поведение, целта, верата на мојата великодушност, љубовта, трпеливоста,
11 на моите прогони и страдања, што ми се случија во Антиохија, и во Ико­ни­ја, и во Листра, какви прогони претрпев; и од сѐ Господ ме избави.
12 А и сите, што сакаат да живеат по­божно во Христос Исус ќе бидат го­не­ти.
13 А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, како заблудувачи и заблудени.
14 Но ти остани во тоа што си го нау­чил и што ти е поверено, знаејќи од ко­го си го научил,
15 бидејќи уште од малечок ги познаваш Светите Писанија, што можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христос Исус.
16 Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за казнување, поправање и поучување во праведност,
17 за да биде Божјиот човек усовршен и совршено подготвен за секое добро дело.