Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Timothy 2

:
Macedonian - 2006
1 Чедо мое, зајакнувај во благодатта што ти е дадена од Христос Исус,
2 и сѐ што си чул од мене пред многу сведоци, предај го на верни луѓе кои се способни и други да научат.
3 Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.
4 Зашто никој кој служи како војник не се вплетува во работите на секојднев­ниот живот, за да му угоди на својот војсководач.
5 А, ако пак, некој се натпреварува, нема да добие венец доколку не се борел според правилата.
6 Земјоделецот што се труди прв тре­ба да вкуси од плодот.
7 Размисли што ти зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!
8 Спомнувај си Го Господ Исус Хрис­тос од Давидовото семе, Кој воскресна од мртвите, според моето Евангелие,
9 поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.
10 Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава.
11 Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.
12 Ако истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.
13 Ако не сме верни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себе не може да се одрече.
14 Ова напомнувај го заколнувајќи се пред Господ за да не се препираат, зашто препирките ништо не помагаат, а само им штетат на оние што слушаат.
15 Погрижи се пред Бога да се до­ка­жеш како работник кој нема од што да се срами кога верно го проповеда словото на вистината.
16 А од непристојни и празни зборови бегај, зашто тие ги водат луѓето уште повеќе кон безбожност.
17 И словото нивно ќе се пренесува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,
18 кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збиднало, и со тоа им попречуваат во верата на некои.
19 Но Божјата цврста основа стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара името Господово!“
20 Во голем дом има не само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глине­ни; и едните се за почесна употреба, а другите за нечесна.
21 И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за почест, осветен, прис­пособен за употреба на господарот и приготвен за секое добро дело.
22 Одбегнувај ги, исто така, и мла­деш­ките копнежи, и стреми се кон праведноста, верата, љубовта, мирот со оние што Го повикуваат Господ од чисто срце!
23 Глупави и празни расправии избегнувај, знај дека тие породуваат кавги!
24 А слугата Господов не треба да вле­гува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да поднесува зло,
25 со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците за да би можел Бог да им да­де покајание, за да ја познаат вистината,
26 и да се ослободат од мрежата на ѓа­волот кој ги уловил живи за да ја исполнуваат неговата волја.