Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Thessalonians 3

:
Macedonian - 2006
1 Потоа, браќа, молете Му се на Бога за нас, та словото Господово да се распространува и да се слави на секое место, како и меѓу вас,
2 и да се избавиме од жестоки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера.
3 Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.
4 Ние сме уверени за вас во Господ де­ка го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме.
5 А Господ нека ги насочи срцата ва­ши право кон љубовта Божја и трпението Христово!
6 Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат кој живее не­уредно, а не според преданието што го добивте од нас!
7 Сами знаете како треба да се угледате на нас, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас,
8 ниту, пак, кај некого јадевме леб да­рум, туку работевме со труд и мака де­ње и ноќе за да не му додеваме на никого од вас.
9 И не поради тоа што немавме власт, туку за да бидеме пример, та да се угледате на нас.
10 Зашто, кога бевме меѓу вас ви го за­поведавме ова кој не сака да работи, тој нека и не јаде.
11 Но слушаме дека некои од вас жи­веат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи;
12 на таквите им заповедаме и ги мо­лиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб.
13 А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро.
14 Ако некој не ги послуша нашите зборови од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами;
15 но не сметајте го за непријател, ту­ку поучувајте го како брат.
16 А Сам Господ на мирот нека ви да­де мир секогаш и во секое дело! Господ нека е со сите вас!
17 Своерачен поздрав од мене, Павле; тоа е белег во секое послание; јас пи­шу­вам така.
18 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин.