Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Samuel 8

:
Macedonian - 2006
1 Потоа Давид ги нападна Филистејците и ги покори; и ја одзеде Давид превласта во регионот од рацете на Филистејците.
2 Ги порази и Моавците и ги измери со јажиња, откако ги легна на земја: измери две јажиња за убивање, едно јаже за оставање живи. И Моавците му станаа робје на Давид и му плаќаа данок.
3 Давид го порази Адраазар, син на Рехов, цар на Цова, кога тој одеше да ја прошири власта своја кај реката Еуфрат;
4 и зеде Давид од него илјада и седумстотини коњаници и дваесет илјади пешаци; и им ги пресече Давид жилите на сите колски коњи, оста­вајќи од нив само за сто коли.
5 Дојдоа Арамејци од Дамаск да му помогнат на цовашкиот цар Адраа­зар; но Давид уби дваесет и две илјади Арамејци.
6 Тогаш Давид постави стражи во Арам кај Дамаск, и Арамејците му станаа на Давид робови и му плаќаа данок. А Господ го чуваше Давид на­секаде, каде ќе отидеше тој.
7 Потоа Давид ги зеде златните грив­ни што ги носеа слугите на Адраазар, и ги донесе во Ерусалим.
8 А од Бетах и Беротаи, Адраазаро­вите градови, цар Давид зеде многу бакар.
9 Кога Тои, царот на Хамат, чу дека Давид ја поразил целата војска на Адраазар,
10 Тои го испрати синот свој Јорам кај царот Давид да го поздрави и да му благодари, поради тоа што војувал против Адраазар и го поразил; бидеј­ќи Адраазар војуваше со Тои. А во рацете Јорам имаше сребрени, златни и бакар­ни садови.
11 Цар Давид ги посвети и нив на Господ, заедно со среброто и златото, запленето од сите народи, кои ги беше покорил:
12 од Арам, Моав, синовите Анонови, Филистејците и Амаликиј­ците, и од пленот на Адраазар, синот на цовашки­от цар Рехов.
13 И Давид се прослави, враќајќи се по поразот на осумнаесет илјади Арамејци во Солената Долина.
14 Тој постави стражи во Едом; пос­тави стражи по цел Едом; и сите Едом­ци му станаа на Давид робови. И Господ го чуваше Давид, каде и да отидеше тој.
15 Така царуваше Давид над сите Израелци, судеше и делеше правда на сиот свој народ.
16 А Јоав, синот на Саруја, беше над војската; а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец;
17 Садок, синот Ахитувов и Ахиме­лех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар;
18 а Бенајаху, синот Јодаев, беше за­поведник над Керетијците и Пеле­тијците, а Давидовите синови беа свеш­теници.