Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Samuel 4

:
Macedonian - 2006
1 Сауловиот син Ишбошет, откако слушна дека Авенир умрел во Хеврон, му отпаднаа рацете, и целиот Израел се вознемири.
2 Сауловиот син имаше двајца воени началници: едниот се викаше Баана, а другиот Рихав, синови на Бееро­теецот Римон, од Венијаминовите потомци, бидејќи и Беерот се вбројуваше кон Венијамин.
3 И Бееротејците избегаа во Гитаим и таму останаа да живеат како туѓинци до денес.
4 Јонатан, Сауловиот син, имаше куц син. Синот беше на пет години, кога од Израел дојде известување за Саул и Јонатан, а доилката, го зела, и избегала. Бидејќи таа бегала брзо, тој паднал и останал сакат. Името му беше Мемфи­востеј.
5 И синовите на Бееротеецот Римон, Рихав и Баана тргнаа и стигнаа по најголемата дневна горештина до куќата на Ишбошет, кој спиеше по­пладне во леглото свое.
6 Тие влегоа во куќата, небаре да земат пченица, го прободоа во стомакот и избегаа.
7 Кога тие влегоа во куќата, тој ле­жеше на леглото свое, во својата спална; тие го удрија и го убија; ја пресекоа главата негова, ја зедоа со себе и цела ноќ одеа по пустинскиот пат;
8 му ја донесоа на Давид во Хеврон главата на Ишбошет и му рекоа на царот: „Еве ја главата на Ишбошет, синот на Саул, кој ја бараше душата твоја; сега Господ се одмазди за мојот господар на царот Саул, твојот непријател, и на потомството негово.“
9 Давид му одговори на Рихав и на братот негов Баана, синови на Бееро­теецот Римон, и им рече: „Се колнам во Господ, Кој ја спаси душата моја од секаква жалост,
10 дека ако тогаш, кој ми донесе известување, велејќи: ‚Ете, умреа Саул и Јонатан‘, и кој се мислеше за радосен известител, јас го фатив и го убив во Циклаг, наместо да му дадам награда,
11 така и сега, кога никаквеци убија невин човек во куќата негова, во не­говото легло, зарем нема да ја побарам крвта негова од вашата рака и нема да ве истребам од земјата?“
12 И Давид им заповеда на слугите, и тие ги убија, им ги пресекоа рацете и нозете нивни и ги обесија крај базенот за вода во Хеврон. А главата на Ишбошет ја зедоа и ја погребаа во гробот на Авенир во Хеврон.