Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Samuel 23

:
Macedonian - 2006
1 Еве ги последните Давидови зборови: „Слово на Јишаевиот син Давид, беседа на мажот, кој е високо поставен, на помазаникот на Бога Јаковов и на слаткопевецот Израелов:
2 ‚Духот Господов говори преку мене, и словото Негово е на јазикот мој.
3 Рече Бог Израелов, карпата Изра­елова ми говори: Оној што гос­подари со луѓето, нека биде праведен, да господари со страхопочит кон Бога.
4 И како што изутрина на разденување, при изгрејсонце на безоблачно небо, од греењето по дожд израснува од земјата трева,
5 така е и со мојот дом во Бога. Зашто Тој направи со мене завет ве­чен, цврст и неизменлив. Така излегува од Него сето мое спасение и сета моја желба.
6 А нечестивите ќе бидат како исфрлено трње, кое не се фаќа со рака;
7 но кој сака да се допре до него, се вооружува со железо или со дрво од копје, и на местото во оган го изгорува.‘“
8 Еве ги имињата на јунаците Дави­дови: Тахкемониецот Јошев-Баше­вет, главен меѓу тројцата: тој го крена копјето свое против осумстотини души и ги порази наеднаш.
9 По него беше Елеазар, син од братот на татко му, еден од тројцата јунаци што беа со Давид и кои со префрлувања ги предизвикуваа Филис­тејците, кога тие се беа собрале да војуваат.
10 Израелците излегоа против нив, и тој застана и ги поразуваше Филистеј­ците дотаму, додека му се измори раката и се прилепи до мечот. И во тој ден Господ даде голема победа, и народот тргна по него, само за да ги собира убиените.
11 По него Шама, син на Агеј од Харар. Кога Филистејците се собраа на едно место, каде што имаше нива засеа­на со леќа, народот избега од Филис­тејците,
12 но тој застана среде нивата и ја заштити и ги порази Филистејците. И тогаш Господ даде голема победа.
13 Тие тројца главни меѓу триесетте војводи тргнаа и на почетокот на жет­вата влегоа кај Давид во Адулам­ската пештера, додека филистејските војници логоруваа во Рефаимската Долина.
14 Тогаш Давид беше во укрепено место, а филистејската војска во Вит­леем.
15 Давид побара да пие и рече: „Кој ќе ми донесе да пијам вода од витлеемскиот кладенец што е покрај портите?“
16 Тогаш тие тројцата јунаци се про­вреа низ филистејскиот логор, зафатија вода од витлеемскиот кладе­нец што е при портите, и зедоа, па му донесоа на Давид. Но тој не сакаше да ја пие, туку ја излеа во слава на Господ,
17 и рече: „Да ме чува Господ да го направам тоа! Не е ли тоа крв на луѓето што одеа, со опасност по жи­вотот свој?“ И не сакаше да пие. Ете што извршија тие тројца јунаци!
18 А Авеса, братот на Јоав, а син на Саруја беше началник меѓу тројцата; тој уби со копјето свое триста души и се прослави меѓу тие тројца.
19 Меѓу тројцата тој беше многу ис­такнат и им стана началник, но на оние тројца не им беше рамен.
20 Ванеја, син на храбриот маж Јо­дај, од Кавцеел, голем по делата, ги порази двајцата синови на Ариил моавски; тој истиот слезе во еден ров и уби лав по снежно време;
21 тој уби и еден Египќанец, виден човек; Египќанецот имаше во раката копје, а тој излезе против него со стап и го грабна копјето од раката на Егип­ќанецот и го уби со неговото копје,
22 ете, тоа го изврши Јехојадаевиот син Ванеја, и беше славен меѓу тројцата јунаци;
23 тој беше повиден од триесетте, но на оние тројца не им беше рамен. И Давид го постави за најблизок изврши­тел на заповедите свои.
24 Еве ги имињата на јунаците при царот Давид: Асаил, братот на Јоав во бројот на триесетте; Елханан, синот на Додо, од Витлеем,
25 Шама од Харод, Елика од Харод,
26 Хелец од Пелет, Ира, синот на Икеш од Текоа,
27 Авиезер од Анатот, Мевунај од Хуша,
28 Селмон од Ахох, Махарај од Нето­фа,
29 Хелев, син на Баана, од Нетофа, Итај, син на Ривај од синовите Венија­минови во Гива,
30 Ванеја од Пиратон, Хидај од Нахале-Гааш.
31 Ави-Алевон од Арава, Азмавет Бархумиецот,
32 Елијахба од Шаалевон; од синовите на Јашен Јонатан,
33 Шама од Харар, Ахијам, син Шара­ров,
34 Елифелет, син Ахазбаев, син на еден човек од Маахат, Елијам, син на Ахитофела Гилонецот.
35 Хецрај од Кармил, Паарај од Арав,
36 Јигал, Натанов син од Цова, Ваниј од племето на Гад,
37 Целек Амонецот, Нахарај Бееро­теецот, оруженосец на Јоав, Саруев син,
38 Ира Јитриецот, Гарев Јитриецот,
39 Урија Хитиецот. Сѐ триесет и седум.