Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Samuel 21

:
Macedonian - 2006
1 Во дните на Давид имаше по земјата три години глад, година по година. Давид Го праша Господа. И Господ рече: „Тоа е поради Саул и крвничкиот дом негов, поради тоа што ги убиваше Гаваонците.“
2 Тогаш царот ги повика Гаваонци­те и зборуваше со нив. Гаваонците не беа од Израеловите синови, туку остатоци од Аморејците, на кои Израелците им се заколнаа дека ќе ги поштедат, но Саул сакаше да ги уништи од ревност кон потомците на Израел и на Јуда.
3 И Давид им рече на Гаваонците: „Што да направам за вас и со што да ве задоволам за да го благословите наследството Господово?“
4 Гаваонците му одговорија: „Не ни треба ни сребро, ни злато од Саул, ниту од неговиот дом, не ни треба да биде убиен некој од Израел.“ Тој праша: „А што сакате? Јас ќе напра­вам.“
5 Тие му одговорија на царот: „Од оној човек што нѐ погубуваше и сака­ше да нѐ истреби, за да нѐ нема ника­де во израелските предели,
6 од неговите потомци предај ни седум души, и ние ќе ги обесиме среде бел ден пред Господ во Гива, градот на Саул, избраник Господов.“ А царот рече: „Ќе ви предадам.“
7 Но царот го поштеди Мемфивос­теј, синот на Јонатан, Сауловиот син, поради клетвата во името Господово, која беше меѓу нив, меѓу Давид и Сауловиот син Јонатан.
8 И ги зеде царот двајцата синови на Рицпа, ќерката на Аја, што таа му ги беше родила на Саул Армониј и Мем­фивостеј, и петте синови на Ми­хала, што таа му ги беше родила на Адриел, синот на Верзелиј од Мехола.
9 И ги предаде во рацете на Гаваон­ците, и тие ги обесија среде бел ден на гората пред Господ. И загинаа сите тие седум души заедно; тие беа погубени во првите дни на жетвата, во почетокот на јачменовата жетва.
10 Тогаш Рицпа, ќерката на Аја, зе­де вреќа, си ја посла на карпа, и седеше од почетокот на жетвата, сѐ додека не се излеаја врз нив од небото Божјите води, и не остави да се допрат до мртвите тела птиците небески дење, и полските ѕверови ноќе.
11 И му соопштија на Давид што направила Рицпа, ќерката на Аја, Сауловата наложница.
12 Давид отиде, та ги прибра коските на Саул и коските на синот негов Јона­тан од жителите на Јавеш Галаадски, кои ги беа зеле тајно од плоштадот на Бет-Шан, каде што ги беа обесиле Фи­листејците, во денот кога Филистејците го убија Саул во Гелвуја.
13 Тој ги пренесе оттаму коските на Саул и коските на синот негов Јонатан; и ги собра коските на обесените.
14 И ги погреба коските на Саул и на синот негов Јонатан, во земјата Вени­јаминова, во Цела, во гробот на татко му Кис. И извршија сѐ што беше запо­ведал царот. И потоа Бог се смили над земјата.
15 И започна пак војна меѓу Филистеј­ците и Израелците. И излезе Давид и слугите негови со него и војуваа со Фи­листејците; и Давид се умори.
16 Тогаш Јишби-Бенов, еден од по­томците на Харафа, чие копје тежеше триста шекели бакар и кој беше препа­шан со нов меч, сакаше да го убие Давид.
17 Но Авеса, синот на Саруја, му по­могна и го удри Филистеецот и го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа и рекоа: „Ти нема повеќе да излегуваш со нас во војна за да не згасне светилото Израелово.“
18 Потоа пак имаше војна со Филис­тејците во Гов; тогаш Сивхај од Хуша го уби Саф, еден друг потомок на Хара­фа.
19 Стана и друга битка во Гет; тогаш Елханан, синот на Јааре-Орегим вит­леемецот, го уби Гетчанецот Го­лијат, на кого дршката на копјето му беше колку ткаечко кросно.
20 Настана уште една војна во Гет; и таму имаше еден крупен човек, исто така од потомците на Харафа, со по шест прсти на рацете и на нозете, вкупно дваесет и четири.
21 Тој ги навредуваше Израелците; но Јонатан, синот на Шима, Давидо­виот брат, го уби.
22 Тие четворицата беа од родот на Харафа во Гет, и паднаа од раката на Давид и на слугите негови.