Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Samuel 20

:
Macedonian - 2006
1 Случајно таму се наоѓаше еден лош човек, по име Сева, син на Бихриј, од Венијаминовото племе. Тој затруби со труба и рече: „За нас нема дел во Давид и нема за нас наследство кај Јесеевиот син; Израелци, сите во шаторите!“
2 И сите Израелци се одделија од Давид и отидоа по Сева, синот на Би­х­риј, а Јудејците останаа од страната на царот свој, од Јордан до Ерусалим.
3 Давид дојде во домот свој во Ерусалим; и ги зеде царот десетте жени наложници што беше ги оста­вил да ја чуваат куќата; ги смести во одделна куќа под надзор; ги хранеше, но не оде­ше кај нив. И тие престојуваа таму сѐ до смртта своја и живееја таму како вдовици.
4 А му рече царот на Амаса: „Свикај ги за три дни Јудејците кај мене и ти самиот дојди тука!“
5 И Амаса отиде да ги свика Јудеј­ците, но се задржа повеќе од определеното време.
6 Тогаш Давид му рече на Авеса: „Бихриевиот син Сева сега ќе ви доне­се повеќе зло, отколку Авесалом; земи ги слугите на господарот свој и следи го, да не би да најде утврдени градови и да се сокрие од очите наши.“
7 И излегоа по него Јоавовите луѓе, и Керетијците и Пелетијците, и сите храбри борци тргнаа од Ерусалим во потера по Бихриевиот син Сева.
8 А кога се доближија до големиот ка­мен што е кај Гаваон, ги сретна Амаса. Јоав беше облечен во воената облека своја и препашан со меч, кој висеше на колкот во ножница и кој лесно се ва­деше од неа и влегуваше.
9 Јоав му рече на Амаса: „Здрав ли си, брате?“ Јоав ја фати со својата десна рака брадата на Амаса за да го бакне.
10 Амаса, внимаваше на мечот што бе­ше во раката на Јоав, и тој го прободе со него во стомакот, така што цревата му се истурија на земја, без да го удри по вторпат, и тој умре. Јоав и братот негов Авеса тргнаа во потера по Сева, Бихриевиот син.
11 Еден од Јоавовите слуги стоеше кај трупот на Амаса и велеше: „Кој му е верен на Јоав и кој е за Давид, нека оди по Јоав!“
12 А умрениот Амаса лежеше во крвта среде патот. И тој човек, гледајќи дека сите луѓе се запираат над него, го одвлече Амаса од патот во полето и стави врз него облека, бидејќи виде дека секој што минуваше, се запираше над него.
13 Но кога тој беше оддалечен од патот, сиот народ Израелов тргна по Јоав да го гони Сева, Бихриевиот син.
14 И тој мина низ сите израелски племиња до Авел-Бет-Мааха и преку целиот Берим; и сите жители од градовите се собираа и одеа по него.
15 И дојдоа и го опсадија Авел Бет Мааха; издигнаа насип пред гра­дот, се приближија до ѕидот, и сите луѓе што беа со Јоав, напнаа да го соборат ѕидот.
16 Тогаш една умна жена извика од градскиот ѕид: „Чујте, чујте, кажете му на Јоав да дојде ваму, и јас ќе поразговарам со него.“
17 Јоав се приближи до неа, и жената праша: „Ти ли си Јоав?“ И тој одговори: „Јас сум.“ Таа рече: „Чуј ги зборовите на слугинката твоја.“ А тој одговори: „Слушам.“
18 Таа рече: „Едно време велеа: кој сака да праша, нека праша во Авел; и така го решаваа проблемот.
19 Јас сум од мирните, верни израел­ски градови, а ти сакаш да го урнеш гра­дот, и тоа градот мајка во Изра­ел. Зошто да го разурнуваш наследството Господово?“
20 Јоав одговори и рече: „Далеку да е од мене, јас да разурнувам или да униш­тувам!
21 Тоа не е така; не се работи за тоа, туку еден човек од Ефремовата Гора, по име Сева, синот Бихриев, крена рака против царот Давид; само него дајте ми го, и јас ќе отстапам од градот.“ А же­ната му рече на Јоав: „Еве, неговата глава ќе ти биде фрлена од ѕидот.“
22 Жената отиде пред сиот народ со умните зборови свои и му зборуваше на целиот град да му ја пресечат главата на Сева, Бихриевиот син. И му ја пресекоа главата на Сева, синот на Бихриј, и му ја фрлија на Јоав. Тогаш Јоав за­труби со труба, и сите луѓе се разотидоа од градот по шато­рите свои; а Јоав се врати во Еруса­лим кај царот.
23 Јоав беше поставен над сета изра­елска војска, додека Ванеја, синот на Јодај, командуваше со Керетијците и над Пелетијците;
24 Хадорам одговараше за даноците; Јосафат, Ахилудовиот син, беше лето­писец;
25 Сева писар; Садок и Авијатар свештеници;
26 исто така и Ира Јаирецот беше свештеник кај Давид.