Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

2 Samuel 16

:
Macedonian - 2006
1 Кога Давид слезе од врвот на гората, ете, во пресрет му доа­ѓа Сива, слугата на Мемфивостеј, со две натоварени магариња со двесте лебови, сто мери суво грозје, сто низи смокви и еден мев со вино.
2 Царот го праша Сива: „Зошто ти е тоа?“ Сива одговори: „Магарињата се за царскиот дом, за јавање, лебот и плодо­вите за храна на момците, а виното за изнемоштените во пустината.“
3 Царот праша: „Каде е синот на господарот твој?“ Сива му одговори на царот: „Ете, тој остана во Еру­салим и вели: ‚токму сега домот Израелов ќе ми го врати татковото ми царство.‘“
4 И му кажа царот на Сива: „Ете, твое е сѐ што има Мемфивостеј.“ А Сива одговори, поклонувајќи се: „Можеби ќе најдам милост пред очите на мојот господар цар!“
5 Кога царот Давид стигна до Бахурим, ете, оттаму излезе еден човек од родот на Сауловиот дом, по има Се­меј, син на Гера. Тој одеше и лошо збо­руваше,
6 и фрлаше камења врз Давид и врз сите слуги на царот Давид; и сите луѓе и сите храбри беа десно и лево од царот.
7 Колнејќи го него, Семеј велеше: „Истави се, убиецу, и злосторнику!
8 Господ ја сврте против тебе сета крв на Сауловиот дом, на чие место ти се зацари, и Господ го предаде царството во рацете на синот твој Авесалом; и ете, ти си во неволја, затоа што си крвопиец.“
9 Тогаш Авеса, синот на Саруја, му рече на царот: „Зошто овој мртов пес го колне царот, господарот мој? Ќе одам и ќе му ја симнам главата.“
10 Царот рече: „Што ви е вам, сино­ви Саруеви? Оставете го нека колне, зашто Господ му заповедал да го колне Давид. И кој може да му каже: ‚Зошто правиш така?‘“
11 И Давид му рече на Авеса и на сите слуги свои: „Кога синот мој, кој излегол од телото мое, ја бара душата моја, дотолку повеќе може и еден Венија­минов син! Оставете го, нека колне, зашто Господ му заповедал;
12 можеби, Господ ќе погледне милостиво кон мојата понизност, и ќе ми воздаде Господ добро за денеш­ното колнење!“
13 И одеа Давид и луѓето по патот свој, а Семеј врвеше покрај гората, откај неговата страна; врвеше, колне­ше и фрлаше камења и земја кон него.
14 И стигна царот и сиот народ негов што беше со него, изморен, и таму си отпочинаа.
15 Авесалом, пак, и сиот израелски народ дојдоа во Ерусалим, и со него Ахитофел.
16 Кога Кушиј, Давидовиот прв пријател, дојде кај Авесалом, му рече: „Да живее царот!“
17 И Авесалом му рече на Кушиј: „Каква е таа твоја сесрдност кон твојот пријател! Зошто не отиде со пријателот свој?“
18 Кушиј му одговори на Авесалом: „Не, јас ќе одам по оној што го избра Господ и оној народ и целиот Израел; со него сум и јас, и со него ќе останам.
19 И притоа кому ќе му служам? Нели на синот негов? Како што му служев и на татко ти, така ќе ти служам и тебе.“
20 И Авесалом му рече на Ахитофел: „Дајте совет што да правиме.“
21 Ахитофел му одговори на Авеса­лом: „Влези кај наложниците на татко ти што тој ги остави да го чуваат домот негов; и ќе чујат сите Израелци дека си станал омразен за таткото, и ќе им зацврстат рацете на сите што се со тебе.“
22 И поставија за Авесалом шатор на покривот, и Авесалом влезе кај налож­ниците на татко си пред очите на сиот Израел.
23 А советите што ги даваше Ахитофел, во она време се сметаа, како кога некој би Го допрашувал Бога. Та­ков беше секој Ахитофелов совет како за Давид, така и за Авесалом.