Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Samuel 10

:
Macedonian - 2006
1 По извесно време умре амонскиот цар, и наместо него стана цар синот негов Анон.
2 И Давид рече: „Ќе покажам ми­лост кон Анон, Нахасовиот син, за добрината што ми ја направи него­виот татко.“ Па ги испрати Давид слугите свои да го утешат Анон поради татко му. И Давидовите слуги отидоа во земјата на Амониевите синови.
3 Но амонските кнезови му рекоа на господарот свој Анон: „Зар мислиш дека Давид од почит кон татко ти ис­пратил кај тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои кај тебе за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го разурнат?“
4 И Анон ги фати Давидовите слуги и на секого од нив му ја избричи поло­вината од брадата и им ги потсече алиш­тата на половина, до крстот и ги пушти.
5 Кога му јавија за тоа на Давид, тој испрати луѓе да ги пречекаат, бидејќи беа многу обесчестени. И царот заповеда да им кажат: „Останете во Ерихон додека да ви пораснат брадите, и тогаш вратете се.“
6 Видоа Амонците дека станаа на­мразени кај Давид; па испратија Амон­ците луѓе да најмат Арамејци од Бет-Рехов и Арамејци од Цова дваесет илјади пешаци, од царот Мааха илјада души и од Тов дванаесет илјади души.
7 Кога Давид слушна за тоа, го испрати Јоав со сета храбра војска.
8 Излегоа Амонците и се распоредија за борба кај портите, а Арамејците од Цова и Рехов, како и луѓето на Тов и Мааха се задржаа одделно во полето.
9 Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците;
10 а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците.
11 Тогаш рече Јоав: „Ако Арамеј­ците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците поч­нат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош;
12 биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, а Господ ќе го направи она што е добро во Неговите очи.“
13 И влезе Јоав, и народот што беше со него, во борба против Арамејците, и тие избегаа од него.
14 Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим.
15 Арамејците штом видоа дека Изра­елците ги разбија, се собраа сите наедно.
16 И Адраазар испрати гласници за да ги повика Арамејците што беа од онаа страна на Еуфрат, и, ете, дојдоа до Хелам; а Совак, Адраазаров воен на­чалник, ги предводеше.
17 Кога му јавија за тоа на Давид, тој ги свика сите Израелци, го премина Јордан и стигна до Хелам. Арамеј­ците се распоредија против Давид и се судрија со него.
18 Арамејците избегаа од Израел­ците, а Давид уништи седумстотини арамеј­ски бојни коли и уби четирие­сет илјади коњаници, удри по вој­сководачот Со­вак, и тој таму умре.
19 Кога сите потчинети цареви на Адраазар видоа дека Израелците ги разбија, склучија со Израелците мир и им се покорија. И Арамејците веќе се плашеа да им помагаат на Амонците.