Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Peter 2

:
Macedonian - 2006
1 А во народот имаше и лажни проро­ци, како што и меѓу вас ќе има лажни учители, кои ќе внесат погубни ереси и, откако се одречат од Господ, Кој ги откупил, ќе навлечат врз себеси брза погибел.
2 И мнозина ќе појдат по нивните не­чистотии, и поради нив патот на вистината ќе биде похулен.
3 И, побудувајќи ве од користољу­би­вост, ќе ве привлекуваат со ласкави збо­рови; но нивното осудување е одамна готово, и нивната погибел не дреме.
4 Зашто Бог, кога не ги поштеди анге­лите што згрешија, туку ги фрли во пеколот со вериги на мракот, ги предаде да бидат држани до судот;
5 и кога не го поштеди првиот свет, туку, кога нанесе потоп врз безбожниот свет, го запази само осумчленото семејство на Ное, проповедникот на правдата;
6 и градовите Содом и Гомора ги осу­ди на разурнување и ги претвори во пе­пел, оставајќи ги како пример на ид­ни­те безбожници,
7 а го избави праведниот Лот, кого го осрамотија беззакониците со нечистиот живот.
8 Зашто, кога живееше праведникот меѓу нив, гледајќи ги и слушајќи ги беззаконските дела, тој секојдневно ја из­мачуваше својата праведна душа;
9 значи Господ знае како да ги избавува побожните од искушенија, а непра­ведните да ги држи во маки за судниот ден;
10 а најмногу оние што се управуваат според телото во неговите гнасни по­хоти, кои ја презираат власта, дрски се, горди и не се плашат да хулат на власта,
11 но дури ни ангелите, кои се пос­наж­ни и посилни од нив, не изговараат за нив хула пред Господ.
12 А тие, како неразумни животни, созданија по инстинкт се фаќаат и се уништуваат, хулејќи го она што не го разбираат, во својата погибел ќе загинат,
13 добивајќи казна за вршење неправда. Тие секојдневниот живот во раскош го сметаат за уживање; тие се срам и грев, насладувајќи се со своите измами, додека јадат со вас;
14 имаат очи полни со прељубодејство и ненаситни се на грев, ги мамат не­ут­вр­дените души; имаат срце привикнато на лакомство: тие се чеда на проклетството!
15 Откако го оставија вистинскиот пат и се заблудија, тргнаа по стапките на Восоровиот син Валаам, кој засака плата за вршење неправда,
16 но беше изобличен за своето беззаконие: неразумното животно проговори со човечки глас и го запре безумството на пророкот.
17 Тие се безводни извори, облаци и магли од бура разнесувани; за нив е ре­зер­виран мракот на темнината засекогаш.
18 Зашто, говорејќи празни зборови, ги мамат на телесни похоти и не­чис­то­тија оние кои тукушто се оттргнале од тие што живеат во заблуда.
19 Им ветуваат слобода кога тие са­ми­те се робови на развратот, зашто кога некој некого победува, тој и го поробува.
20 Зашто, ако ги избегнале световните скверности преку познанието на Господ и Спасителот наш Исус Христос, и пак се плеткаат во нив и бидуваат победени, тогаш за такви последното ќе им биде полошо од првото!
21 За нив би било подобро да не го беа познале патот на правдата отколку, откако го познаа, да отстапат од светата заповед која им е предадена.
22 Ним им се случува според вистинската поговорка: „Песот се враќа на својата блујавица“ и „Искапената свиња во калта.“