Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 21

:
Macedonian - 2006
1 Манасија беше на дванаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и пет години; мајка му се викаше Хефци-Вах.
2 Но тој правеше зло пред очите на Господ, подражавајќи ги лошите работи на оние народи, кои Господ ги беше изгонил од пред лицето на Израеловите синови.
3 Тој одново ги подигна идолските светилишта што татко му Езекија ги беше уништил, му подигна жртвеници на Ваал и направи идолско светилиште, како што направи израелскиот цар Ахав; и се поклонуваше на сета небесна војска и ѝ служеше;
4 а изгради жртвеници и во домот Господов, за кого Господ беше рекол: „Во Ерусалим ќе го поставам името Свое.“
5 Тој изгради и жртвеници за сета небеска војска во двата двора на домот Господов;
6 го пренесе преку оган синот свој, гаташе и врачаше; си набави извикувачи на мртви и маѓесници и изврши многу неугодни работи пред очите на Господ за да Го разгневи.
7 Направи и статуа на божицата Ашера и ја постави во домот, за кој Господ му беше говорел на Давид и на синот негов Соломон: во овој дом и во Ерусалим што Јас го избрав меѓу сите израелски племиња, го ставам името Свое засекогаш:
8 и во иднина нема да ја оставам ногата на Израел да излезе од земјата што сум им ја дал на предците нивни, ако тие се потрудат да постапуваат според сѐ она што сум заповедал, и според целиот закон што им го даде Мојот слуга Мојсеј.
9 Но тие не послушаа; и Манасија ги разврати дотаму што тие постапуваа полошо и од оние народи, кои Господ ги беше истребил пред лицето на Израе­ловите синови.
10 И говореше Господ преку Своите слуги пророците, и рече:
11 „Поради тоа што јудејскиот цар Манасија ги изврши тие лоши дела, полоши од сѐ она што го вршеа Амо­рејците, кои беа пред него, и го наведе Јуда во грев со своите идоли,
12 затоа Господ вели вака: Еве, врз Ерусалим и врз Јудеја ќе испратам такво зло, што кој ќе чуе за него, ќе му писнат и двете уши;
13 и ќе го оптегнам над Ерусалим јажето мерник на Самарија и мерката на Ахавовиот дом, и ќе го избришам Ерусалим така, како што се брише сад, го бришат и го затвораат;
14 ќе го оставам остатокот од Моето наследство и ќе го предадам во рацете на непријателите нивни, и тие ќе бидат разграбени и пленети од сите свои непријатели,
15 поради тоа што го правеа она што беше неугодно пред очите Мои и Ме разгневуваа од оној ден, во кој предците нивни излегоа од Египет, дури до денес.“
16 А притоа Манасија пролеа премногу невина крв, та го наполни со неа Ерусалим докрај, освен својот грев со што го вовлече Јуда во грев да не прави угодни дела пред очите на Господ.
17 Другото за Манасија и за сѐ што тој извршил, и за гревовите негови, со кои згрешил, е опишано во летописите на јудејските цареви.
18 И почина Манасија кај своите предци, и беше погребан во градината на неговиот дворец, во градината нарекувана Оза. На негово место се зацари неговиот син Амон.
19 Амон беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим две години; мајка му се викаше Мешу­лемет, ќерка на Харуц, од Јодба.
20 И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ, така, како што го правеше тоа татко му Манасија;
21 одеше токму по истиот пат, по кој одеше татко му; им служеше на идо­лите, на кои им служеше татко му, и им се поклонуваше.
22 Тој Го остави Господ, Бог на него­вите предци, и не одеше по патот Господов.
23 Амоновите слуги се побунија против него и го убија царот во неговиот дом.
24 Но народот на земјата ги уби сите заговорници против царот Амон; и на­родот на земјата го постави за цар на негово место синот негов Јошија.
25 Другите дела на Амон што ги из­вршил тој, се опишани во лето­писите на јудејските цареви.
26 И го погребаа во гробницата негова, во градината наречена Оза. На негово место се зацари син му Јошија.