Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 19

:
Macedonian - 2006
1 Кога го слушна тоа царот Езекија, ја раскина облеката своја, се покри со вреќиште и отиде во до­мот Господов.
2 И ги испрати Елијаким, управ­никот на дворецот, писарот Севна и постарите свештеници, покриени со вреќишта, кај пророкот Исаија, синот на Амоц.
3 Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: Ова е ден за жалост, за казна и за срам; зашто дојде часот да се родат децата, но нема сила за раѓање.
4 Можеби Господ, твојот Бог, ќе ги чуе сите зборови на аѓутантот, кого господарот негов, асирскиот цар, го испрати да Го навредува живиот Бог и да Го укорува со зборови, какви што чу Господ, твојот Бог. Затоа помоли се за другите, кои сѐ уште се живи.“
5 Откако пратениците на царот Езе­кија му ја пренесоа пораката на царот на Исаија,
6 тој им рече: „Вака кажете му на вашиот господар: Така вели Господ: ‚Не плаши се од зборовите што ги слу­шна, и со кои Ме навредуваа слугите на асирскиот цар.‘
7 Ете, Јас ќе испратам во него дух, и тој ќе чуе вест, и ќе се врати во земјата своја, и Јас ќе го поразам со меч во неговата земја.“
8 Тогаш царскиот аѓутант слушна дека неговиот господар го напуштил Лакиш, па се врати и го најде како војува со Ливна.
9 Потоа царот слушна и за етиопскиот цар Тирхака, за кого му рекоа: „Ете, тој излезе да се судри со тебе,“ и повторно испрати пратеници кај Езеки­ја да му кажат:
10 „Вака кажете му на јудејскиот цар Езекија: ‚нека не те лаже твојот Бог, на Кого се надеваш, мислејќи дека Еру­салим нема да биде предаден во раката на асирскиот цар.‘
11 Зар не си чул што направија асир­ските цареви со сите земји, уништувај­ќи ги наполно, та ти ли ќе се избавиш?
12 Дали боговите ги спасија овие народи што ги сотреа моите предци? Го спасија ли Гозан, и Харан, и Рецеф и луѓето на Еден, кој е во Таласар?
13 Каде е царот на Хамат, и царот на Арпад, и царот на градот Сефарваим, на Хена и на Ива?“
14 Тогаш Езекија го зеде писмото од рацете на пратениците, го прочита, оти­де во домот Господов, и го објави Езе­кија пред лицето Господово;
15 и се молеше Езекија пред лицето Господово и велеше: „Господи, Боже Израелов, Кој седиш на херувими! Ти си единствен Бог на сите земни царства. Ти ги создаде небото и земјата.
16 Наклони го, Господи, увото Свое и чуј ме; отвори ги, Господи, очите Свои и погледни, и чуј ги зборовите на Сена­хирим, кој испратил да Те навредуваат Тебе, живиот Бог!
17 Навистина, о Господи, царевите асирски ги сотреа народите и земјите нивни,
18 и ги нафрлаа боговите нивни во оган, но тоа не беа богови, туку изра­ботки на човечки раце, дрво и камен, затоа и ги истребија.
19 И сега, Господи, Боже наш, спаси нѐ од рацете негови, и сите земни царства ќе познаат дека Ти, Господи, си единствен Бог.“
20 Тогаш Исаија, синот на Амоц, испрати да му кажат на Езекија: „Вака вели Господ, Бог Израелов: ‚го чув ова за кое ти Ми се молеше против асир­скиот цар Сенахирим.‘
21 Еве го словото што Господ го изре­че за него: Те презира, ти се потсмева девицата ќерка на Сион, зад твојот грб ќе ја заниша главата ќерката ерусалимска.
22 Кого Го прекоруваше и навредуваше ти? И против Кого крена глас и толку високо ги крена очите? Против Светецот Израелов?
23 Преку твоите пратеници ти Го навредуваше Господа и велеше: ‚со многу коли се качив на горските висо­чини, по ридовите на Ливан, ги исеков високите кедри негови и прекрасните кипариси негови и стигнав до најоддалеченото негово пристаниште, до гасталакот на градината негова;
24 ископав и пиев туѓа вода, и ги пре­сушив со стапалата на нозете свои сите египетски реки.‘
25 Зар не си чул дека Јас одамна сум го направил тоа, во древни времиња сум го преднацртал, а сега го исполнив пре­ку тоа што ти опустошуваш утврдени градови, претворајќи ги во купишта урнатини?
26 И жителите нивни изнемоштеа, треперат и се срамуваат. Тие станаа ка­ко полска трева и кревка билка, како трева по покривите, препламната пред да узрее.
27 Кога седнуваш, кога излегуваш, или влегуваш, Јас сѐ знам; ја знам и дрскоста твоја против Мене.
28 Твојот гнев против Мене и твојата дрскост достигна до Моите уши, па затоа ќе ја ставам алката Своја во твоите ноздри и уздата Своја во твојата уста, и ќе те вратам назад по ис­тиот пат, по кој си дошол.
29 И, еве ти знак: јадете го оваа година самоникнатото, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете ги нивните плодови.
30 И спасението во Јудиниот дом, пак ќе пушти корен одоздола и ќе даде плод озгора,
31 зашто од Ерусалим ќе произлезе остатокот, и спасеното од гората Сион. Ревноста на Господарот на небес­ните сили ќе го направи тоа.
32 Затоа вака говори Господ за асир­скиот цар: тој нема да влезе во овој град, нема да фрли во него стрела, нема да пристапи со штит кон него и нема да ископа опкоп околу него.
33 По истиот пат, по кој дошол, ќе се врати, и нема да влезе во тој град, вели Господ.
34 Јас ќе го пазам тој град за да го запазам за Себе и за Мојот слуга Давид.“
35 И ова се случи во таа ноќ: ангел Господов отиде и во асирскиот логор уби сто осумдесет и пет илјади војници. Изутрината кога преживеаните станаа, тие ги видоа мртвите тела.
36 Тогаш царот на Асирија Сенахирим тргна, се врати во Ниневија и таму остана.
37 И додека се поклонуваше во храмот на својот бог Нисрох, него­вите синови Адрамелех и Шарецер го убија со меч и избегаа во земјата Арарат. На негово место се зацари неговиот син Есар-Ха­дон.