Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 15

:
Macedonian - 2006
1 Јудејскиот цар Азарија, синот на Амасија, стана цар во дваесет и седмата година од владеењето на израелскиот цар Јеровоам.
2 Тој беше на шеснаесет години кога стана цар, и педесет и две години царуваше во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехолија, од Ерусалим.
3 Тој го правеше она што беше пра­вилно во очите на Господ, токму како што постапуваше татко му Амасија.
4 Само идолските светилишта не беа урнати: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.
5 Господ го порази царот, и тој беше болен од лепра до денот на својата смрт и живееше во посебен дом. А царевиот син Јотам беше управник над царскиот дворец и му судеше на народот во земјата.
6 Другите дела на Азарија и сѐ што тој извршил, е опишано во летопи­сите на јудејските цареви.
7 И почина Азарија кај своите предци, и го погребаа кај неговите предци во Давидовиот град. На негово место се зацари неговиот син Јотам.
8 Захарија, синот на Јеровоам, стана цар над Израел во Самарија во триесет и осмата година од владеењето на јудеј­скиот цар Азарија и царуваше шест месеци.
9 Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ, како што правеа неговите предци: не отстапуваше од гревовите на Навато­виот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел.
10 Селум, синот на Јавеш, се побуни против него, го удри пред народот и го уби, па стана цар место него.
11 Другото за Захарија е опишано во летописите на израелските цареви.
12 Такво беше словото на Господ што Тој му го беше кажал на Јуј, велејќи: „Синовите твои ќе седат на израелскиот престол до четвртото колено.“ Така и стана.
13 Јавешовиот син Селум стана цар во триесет и деветтата година од владее­њето на јудејскиот цар Азарија и царуваше во Самарија еден месец.
14 Тогаш Менаим, синот на Гадиј, тргна од Тирца, и дојде во Самарија, го собори Јавешовиот син Селум во Сама­рија, го усмрти и стана цар место него.
15 Другите работи на Селум и побуната негова што тој ја изведе, опишани се во летописите на израелските цареви.
16 Менаим ја разори Тифса и сите што беа во неа и во нејзините предели, поч­нувајќи од Тирца, поради тоа што жи­телите на градот не му ги отворија портите. Та го разори, и сите бремени жени во него ги распори.
17 Менаим, синот на Гадиј, стана цар над Израел во триесет и деветтата го­дина од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше десет години во Самарија;
18 тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ; не отста­пуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го наведуваше во грев Израел, во текот на сите негови денови.
19 Тогаш асирскиот цар Пул ја нападна земјата Израелова. И Мена­им му даде на Пул илјада кикари сребро за да му помогне да го зацврсти царството во своја рака.
20 Менаим го зеде тоа сребро од Израелците, од сите богати луѓе, по педесет шекели сребро од секој човек за да ги даде на асирскиот цар. Така се врати назад асирскиот цар, и не остана таму во земјата.
21 Другите дела на Менаим и сѐ што тој беше извршил, опишани се во лето­писите на израелските цареви.
22 И почина Менаим кај своите предци. На негово место се зацари неговиот син Факија.
23 Факија, синот на Менаим, стана цар над Израел во Самарија во педесеттата година од владеењето на јудејскиот цар Азарија и царуваше две години.
24 И тој го правеше, она што не беше угодно пред очите на Господ; не отста­пуваше од гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел Израел во грев.
25 Против него се побуни Факиј, синот на Ремалија, негов дворјанин, и го на­падна во Самарија, близу цар­скиот дом, со Аргов и Арје. Со себе имаше и педе­сет мажи од Галаад. Го уби и се зацари на негово место.
26 Другите работи на Факија и сѐ што беше извршил, опишани се во лето­писите на израелските цареви.
27 Ремалиевиот син Факиј стана цар над Израел во Самарија во педесет и втората година од владеењето на јудеј­скиот цар Азарија и царуваше дваесет години;
28 Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Господ: не отста­пуваше од гревовите на Навато­виот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел.
29 Во дните на израелскиот цар Факиј дојде асирскиот цар Тиг­лат-Пилесер, го презеде Ијон, Авел-Бет-Мааха, Ја­ноах, Кедес, Асор, Галаад, Галилеја и целата Нефталимова земја, и ги пресели жителите нивни во Асирија.
30 Осија, синот на Ила, се побуни против Ремалиевиот син Факиј, го удри и го уби, па стана цар место него во дваесеттата година од владеењето на Јотам, синот на Озија.
31 Другите дела на Факиј и сѐ што тој беше направил, опишани се во лето­писите на израелските цареви.
32 Јотам, синот на јудејскиот цар Озија, стана цар во втората година на Рамалиевиот син Факиј, цар израелски.
33 Тој беше на дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим шеснаесет години. Мајка му се викаше Јеруша, ќерка на Садок.
34 Само тој го правеше она што беше правилно пред очите на Господ: во сѐ постапуваше така, како што постапуваше неговиот татко Озија.
35 Но идолските светилишта не беа срушени: народот сѐ уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта. Тој ги изгради горните порти кај домот Господов.
36 Другите дела на Јотам и сѐ што тој беше направил, опишани се во лето­писите на јудејските цареви.
37 Во тие денови Господ почна да го испраќа во Јудеја арамејскиот цар Ре­цин и Рамалиевиот син Факиј.
38 И почина Јотам кај своите предци, и беше погребан кај своите предци во градот на својот предок Давид. А на не­гово место се зацари неговиот син Ахаз.