Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 13

:
Macedonian - 2006
1 Во дваесет и третата година од владеењето на Јоас, синот на ју­дејскиот цар Охозија, стана цар над Израел во Самарија, Јехуевиот син Јоахаз, и царуваше седумнаесет години.
2 Тој го правеше она што беше немило пред очите на Господ и одеше во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел, и не отстапуваше од нив.
3 И се разгори гневот на Господ против Израел, и Тој го предаде во раката на арамејскиот цар Азаил и во раката на Азаиловиот син Венадад, за сето она време.
4 Јоахаз се помоли пред лицето на Господ, и Господ го слушна, зашто ја виде неволјата на Израелците, како ги притеснуваше арамејскиот цар.
5 И Господ им даде на Израелците спасител, и тие се оттргнаа од раката на Арамејците, и живееја синовите Изра­елови во шаторите свои, како порано.
6 Меѓутоа не отстапуваа од гревовите на домот на Јеровоам, кој го беше навел во грев Израел; сѐ уште одеа по нив, а и столбот на Ашера стоеше во Сама­рија.
7 На Јоахаз му остана војска само педесет коњаници, десет коли и десет илјади пешаци, зашто царот на Арам ги беше уништил и ги згази како прав што се тапка.
8 Другото за Јоахаз и за сѐ што тој го извршил, и за неговите јуначки подви­зи, е опишано во летописите на израелските цареви.
9 И почина Јоахаз кај своите предци, и го погребаа во Самарија. На негово мес­то се зацари неговиот син Јоас.
10 Јоахазовиот син Јоас стана цар над Израел во Самарија во триесет и седмата година од владеењето на јудејскиот цар Јоас; царуваше шеснаесет години.
11 И тој го правеше она што не беше добро пред очите на Господ; не отстапуваше во ниеден од гревовите на Нава­товиот син Јеровоам, кој го беше навел на грев Израел, туку одеше по нив.
12 Другото за Јоас и за сѐ она што тој го изврши, и за неговите јуначки подвизи, како војувал против јудејскиот цар Амасија, е опишано во летописите на израелските цареви.
13 И почина Јоас кај своите предци, а на престолот негов седна Јеровоам. Јоас беше погребан во Самарија, кај израелските цареви.
14 Елисеј се разболе од болест, од која подоцна и умре. Дојде кај него израелскиот цар Јоас, плачеше над него, велејќи: „Татко мој, татко мој, бојна коло Израелова и негова коњицо!“
15 И му рече Елисеј: „Земи лак и стрели!“ И тој зеде лак и стрели.
16 Тогаш му рече: „Стави ја раката на лакот!“ И тој ја стави раката. Тогаш Елисеј ги стави рацете свои врз рацете на царот
17 и рече: „Отвори го прозорецот кон исток!“ И тој го отвори. А Елисеј рече: „Стрелај!“ И тој стрелаше. Потоа Елисеј рече: „Таа стрела за спасение е од Господ, таа е спасителната срела против Арам, и ти ќе ги поразиш и уништиш Арамејците во Афек.“
18 И продолжи Елисеј и рече: „Земи стрели!“ И тој зеде. Пак му рече на израелскиот цар: „Удри во земјата!“ И тој удри трипати и запре.
19 И му се разгневи Божјиот човек и рече: „Требаше да удриш петпати или шестпати, тогаш ќе ги разбиеше докрај Арамејците, а сега ќе ги поразиш Ара­мејците само трипати.“
20 Елисеј умре и го погребаа. А на другата година моавските луѓе навлегоа во земјата.
21 И ете, додека некои луѓе погребуваа еден човек, таму видоа разбојници, па го фрлија мртовецот во Елисеевиот гроб, и тој, како што падна, се допре до Елисеевите коски, оживеа и се исправи на нозете свои.
22 Царот на Арам Азаил ги мачеше Израелците во сите денови на Јоахаз.
23 Но Господ се смили над нив и ги помилува; се сврте кон нив поради заветот Свој со Авраам, Исак и Јаков и не сакаше да ги истреби, и не ги отфрли од лицето Свое до денес.
24 Царот на Арам Азаил умре, и на­место него стана цар неговиот син Венадад.
25 Јоахазовиот син Јоас ги поврати од рацете на Азаиловиот син Венадад градовите што тој ги беше презел со војна од рацете на татко му Јоахаз. Три­пати го разби Јоас, и ги врати израелските градови.