Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 9

:
Macedonian - 2006
1 Во врска со помагањето на светиите сметам дека не треба да ви пи­шу­вам,
2 зашто ја познавам вашата спремност, за која се фалам со вас пред Маке­донците: „Ахаја приготвила помош уш­те од лани“; и вашата ревност поттикна мнозина.
3 А браќата ги испратив за да не биде напразна нашата пофалба за вас, туку да бидете приготвени, како што тврдев,
4 па, ако дојдат со мене Македонците и ве најдат неприготвени, да не остане­ме посрамени ние да не речам вие, от­како ве пофаливме со таква увереност.
5 Затоа сметав дека е потребно да ги замолам браќата да дојдат претходно кај вас и да ја приготват вашата од­нап­ред ветена милостина, па да се покаже како плод на благослов, а не на лакомство.
6 Ова, пак, ви го велам: кој така скр­жаво сее, така скржаво ќе жнее; а кој богато сее, богато и ќе жнее.
7 Секој да дава како што одлучил во срцето, а не со жал или принуда; зашто Бог го љуби оној што од срце дава.
8 А Бог може изобилно да ве дарува со секаков дар, секогаш да имате доволно за сѐ, да бидете од сѐ срце дарежливи во секое добро дело.
9 Како што е напишано: „Раздаде, им даде на сиромашните; правдата Негова останува вечна.“
10 А Оној Кој му дава на сејачот семе и леб за храна, Тој ќе го умножи и семето ваше, и ќе ви даде да изобилуваат плодовите на вашата правда,
11 па во сѐ да се збогатите за секаква дарежливост, која преку нас предизви­кува благодарност кон Бога.
12 Бидејќи извршувањето на таа служ­ба не само што ги надополнува пот­ре­бите на светиите, туку и во мнозина предизвикува обилна благодарност кон Бога;
13 и тие, користејќи ги плодовите од таа служба, Го прославуваат Бога за ва­шето покорно исповедање на Еван­ге­ли­ето Христово и за штедроста на заедницата со нив и со сите други.
14 А тие со молитви за вас копнеат по вас поради преизобилната благодат Божја во вас.
15 Да Му благодариме на Бога за Не­говиот неискажлив дар!