Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 3

:
Macedonian - 2006
1 Пак ли ќе почнеме сами да се фали­ме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?
2 Вие сте нашето писмо, впишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе.
3 Јасно е дека вие сте Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку на човечки срца.
4 Таква сигурност во Бога имаме преку Христос,
5 но не дека сме способни да помисли­ме нешто како од себе; напротив, на­ша­та способност доаѓа од Бога.
6 Тој ни дал способност да бидеме слу­ги на новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.
7 Ако, пак, смртоносното служење со букви, врежани во камења, беше така славно, што синовите Израелови не мо­жеа да погледаат во лицето на Мојсеј, поради минливата слава на неговото ли­це,
8 тогаш колку пославно ќе биде слу­жењето на Духот!
9 Зашто, ако служењето што донесува осудување било славно, тогаш колку повеќе ќе изобилува со слава слу­же­ње­то за праведноста!
10 И навистина, не ни беше прос­ла­ве­но во таа мера она што беше прос­ла­ве­но ако се спореди со преголемата слава.
11 Зашто, ако е славно она што е минливо, тогаш многу пославно ќе биде она што е трајно.
12 Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,
13 а не како Мојсеј што ставаше превез на лицето свое за да не можат сино­вите Израелови да го видат крајот на минливото.
14 Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот за­вет, им стои истиот превез, зашто само Христос го симнува.
15 Па така, и до ден денес, кога се чита Мојсеј, превезот им стои на нивното срце.
16 Но, кога ќе се обратат кон Господ, превезот им се симнува.
17 А Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода.
18 Ние, пак, сите со откриено лице, како во огледало гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во истиот лик, од слава во слава, како од Духот Господов.