Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 12

:
Macedonian - 2006
1 Да се фалам, нема полза, но ќе минам кон виденија и открове­нија Господови.
2 Знам еден човек во Христос, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам, Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.
3 И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело не знам, Бог знае,
4 беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои чо­век не смее да ги каже.
5 Со таков човек ќе се пофалам; но со себе нема да се пофалам, освен со моите слабости.
6 А, пак, кога би посакал да се фалам, не би бил безумен, зашто би кажал вис­тина; но јас се воздржувам, да не би помислил некој за мене повеќе отколку што во мене гледа, или од мене слуша.
7 И, за да не се превознесувам со пре­многу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по ли­цето, да не се превознесувам.
8 Затоа трипати Го молев Господ тоа да го отстрани од мене.
9 Но Тој ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила се по­ка­жува потполно во слабоста.“ Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите слабости за да се всели во мене силата Христова.
10 Затоа уживам во слабости, во на­вредување, во маки, во прогонување, во тага за Христос, зашто кога сум слаб, тогаш сум силен.
11 Фалејќи се станав безумен! Вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофа­лите, зашто со ништо не сум подолен од надапостолите, иако сум ништо.
12 Зашто знаците на апостолите се по­кажаа меѓу вас во полно трпение, во знаци, чудеса и силни дела.
13 По што останавте подолни од дру­гите цркви, освен по она што јас не ви дотежнеав? Простете ми ја таа грешка!
14 Еве, по третпат се готвам да дојдам кај вас и пак нема да паднам на ваш то­вар; зашто јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку роди­те­лите за децата.
15 А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души. Иако јас премногу ве љубам, вие многу помалку ме љубите.
16 Но нека биде така! Јас не ви додевав; само, бидејќи итар, ве добив на из­мама.
17 Да не сум ве искористил можеби преку оние што ги испраќав кај вас?
18 Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не ве исползува можеби Тит во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?
19 Одамна мислите дека пред вас се одбрануваме. Ние зборуваме пред Бога, во Христос, и сето тоа, возљубени, е за ваше изградување.
20 Бидејќи се плашам дека можеби, кога ќе дојдам нема да ве најдам такви какви што сакам; а дека и вие нема да ме најдете таков каков што сакате: да не има можеби меѓу вас кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, озборување, горделивост, побуни;
21 кога повторно ќе дојдам, да не ме понижи мојот Бог кај вас, и да не треба да оплакувам за мнозина кои погре­ши­ле порано и не се покајале за нечис­то­тијата, блудството и срамот што ги направиле.