Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

2 Chronicles 7

:
Macedonian - 2006
1 Кога Соломон ја заврши молит­ва­та, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Госпо­дова го исполни домот.
2 И свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Гос­подова го исполни домот Господов.
3 И сите синови израелски, кога ви­доа, како слезе оган и слава Гос­подова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е добар, зашто милоста негова е вечна.
4 А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господ.
5 И принесе царот Соломон за жртва дваесет и две илјади волови и сто и два­есет илјади овци: така го осветија Бож­јиот дом царот и сиот народ.
6 Свештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господ, што ги беше направил царот Давид, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израел стоеше.
7 Соломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Гос­подов: таму ги принесе сепалениците и лојот од помирителните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Со­ломон, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот.
8 И направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израел, многу голем со­бор, што се беше стекол од Емат до египетскиот поток;
9 а на осмиот ден направија свечен собир, зашто осветувањето на жртве­никот го правеа седум дена и праз­никот седум дена.
10 И на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давид и Соломон и на својот народ Израел.
11 И го заврши Соломон домот Госпо­дов и домот царски, заврши успешно сѐ што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом.
12 И Господ му се јави на Соломон но­ќе и му кажа: „Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жрт­вопринесувања.
13 Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ,
14 и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.
15 И сега очите Мои ќе бидат отво­рени и ушите Мои внимателни кон мо­литвата во ова место.
16 И сега Јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.
17 И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вр­шиш сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш повелбите Мои и законите Мои,
18 Јас ќе го зацврстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татко ти Давид, велејќи: ‚нема да снема маж, што ќе владее над Израел.‘
19 Но, ако отстапите и ако ги на­пуштите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате,
20 Јас ќе го истребам Израел од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое и ќе го направам за приказ и за потсмев кај сите народи.
21 А за овој храм, толку славен, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вџаши и ќе рече: ‚Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘
22 И ќе речат: ‚Затоа, што тие Го оставија Господ, Бог на нивните предци, Кој ги изведе од египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, затоа Тој им го испрати сево ова зло.‘“