Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 6

:
Macedonian - 2006
1 Тогаш Соломон рече: „Господ беше рекол дека ќе благоволи да престојува во темен облак,
2 но јас, на Твоето свето име Му из­градив дом на Твоето живеалиште, место за Твоето вечно престојување.“
3 И го сврте царот лицето свое, та го благослови сето собрание на Изра­елците сето собрание на Израелците стоеше,
4 па рече: „Нека е благословен Гос­под, Бог Израелов, Кој го изврши сега со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татко ми Давид, велејќи:
5 ‚од оној ден, кога го изведов Мојот народ од египетската земја, Јас од ниедно Израелово племе не избрав град за да изградам дом, каде што ќе при­суствува името Мое, ниту избрав маж што ќе биде водач на Мојот народ Израел.
6 Туку го избрав Ерусалим, та името Мое таму да престојува, го избрав Да­вид, тој да биде над Мојот народ Израел.‘
7 Татко ми Давид имаше на срце да изгради дом за името на Господ, Бог Израелов,
8 но Господ му кажа на татко ми Давид: ти имаш на срце да изградиш храм за името Мое; добро е, што ти е тоа на срце.
9 Меѓутоа, ти нема да изградиш храм, туку твојот син, што ќе произлезе од бедрата твои, тој ќе изгради храм за името Мое.
10 И Господ го исполни словото што го беше изрекол; јас стапив на местото на мојот татко Давид, седнав на прес­толот израелски, како што рече Господ, и изградив дом за името Гос­подово, Израеловиот Бог.
11 Го положив таму ковчегот, во кој е заветот на Господ, што го беше склучил со синовите Израелови.“
12 Па застана Соломон пред жртве­никот Господов, пред сето собрание на Израелците, ги крена рацете
13 зашто Соломон беше направил ба­карно подножје, долго пет лакти, широ­ко пет лакти и високо три лакти, и го беше поставил среде дворот; застана на него, падна на колена пред сето собра­ние на Израелците, ги крена рацете кон небото
14 и рече: „Господи, Боже Израелов! Нема Бог, сличен на Тебе, ниту на небото, ниту на земјата. Ти го пазиш заветот и милоста кон слугите Свои, кои одат пред Тебе со сето свое срце;
15 Ти го исполни кон Својот слуга Давид, мојот татко, она, што го беше говорел; она, што беше го изрекол со устата Своја, денес го исполни со раката Своја.
16 И сега, Господи, Боже Израелов, исполни му го на Својот слуга Давид, мојот татко, она, што му го рече, веле­јќи: нема да снема маж, што ќе седи пред лицето Мое на престолот израел­ски, само ако твоите синови внимаваат на патиштата свои, одејќи по Мојот закон така, како што одеше ти пред Мене.
17 А сега, Господи, Боже Израелов, нека се потврди словото Твое, што му го кажа на Својот слуга Давид!
18 Навистина, Бог ли ќе живее со луѓето на земјата? Ако небото и небесата Твои не Те собираат, дотолку помал­ку ќе Те собере овој храм, што сум го изградил.
19 Но погледни милостиво кон молитвата на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го пови­кот и молитвата, со која Твојот слуга се моли пред Тебе.
20 Нека бидат очите Твои отворени кон овој храм дење и ноќе, кон местото, во кое си ветил дека го ставаш името Свое, за да ја слушаш молитвата, со која слугата Твој ќе се моли на ова место.
21 Чуј ги молбите на Твојот слуга и на Твојот народ Израел, со кои ќе се молат на ова место; чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се!
22 Кога некој ќе згреши против ближ­ниот свој, и ќе побараат од него заклетва, за да се заколне, и таа заклетва биде извршена пред Твојот жртвеник во овој храм,
23 тогаш чуј од небото и изврши суд над Своите слуги, подај му на винов­никот, и товарејќи му ја постапката негова врз главата негова; а оправдај го правиот, давајќи му спо­ред правдата негова.
24 Кога Твојот народ Израел ќе биде поразен од непријателот, затоа што згрешил пред Тебе и кога тој ќе се свр­ти кон Тебе, и ќе го исповеда името Твое со молба и молитва пред Тебе во овој храм,
25 чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израел и врати го во земјата, што си му ја дал нему и на неговите предци.
26 Кога ќе се заклучи небото и ќе снема дожд, затоа што згрешил пред Тебе, и ќе се помолат на ова место, ќе го исповедаат името Твое и ќе се одвра­тат од своите гревови, затоа што си ги понизил,
27 чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израел, покажувајќи им го до­б­риот пат, по кој треба да одат; и испрати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.
28 Ако биде глад во земјата или по­мор, огнен ветар или гламја, ска­кулци или гасеници, или ако го притиснат непријателите негови во земјата, што ја владее, некое зло ако се случи или не­каква болест,
29 секоја молитва, секоја молба од кој и да било човек, или од сиот народ Твој Израел, кога секој ќе ја почув­ствува не­волјата своја и тагата своја и ќе ги пода­де рацете кон Твојот храм,
30 чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и прости и подај му на се­кого според сите патишта негови, како што го познаваш срцето негово, зашто само Ти ги познаваш срцата на сино­вите човечки,
31 за да имаат страхопочит кон Тебе и да одат по Твоите патишта во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на нивните предци.
32 Дури и туѓинецот, што не е од Тво­јот народ Израел, кога ќе дојде од да­лечна земја поради Твоето големо име, Твојата моќна рака и Твојата силна мишка дојде и се помоли во овој храм,
33 чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и направи сѐ, за кое ту­ѓинецот ќе Те повика, та сите земни народи да го спознаат Твоето име и да имаат страхопочит кон Тебе, како и Твојот народ Израел, и да знаат дека Твоето име се повикува над овој дом, што јас го изградив.
34 Кога Твоите луѓе ќе излезат во војна против непријателите свои по патот, по кој ќе ги испратиш Ти, и Ти се помолат, свртувајќи се кон храмот, што го изградив на Твоето име,
35 тогаш послушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи им го она што е таму потребно.
36 Кога ќе згрешат пред Тебе, зашто нема човек што не греши, и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на непријателите, и оние, што ги заробиле, ги одведат во далечна или блиска земја,
37 кога во земјата, во која ќе бидат заробени, ќе дојдат на себеси, ќе се свртат и ќе Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејќи: ‚згрешив­ме, направивме беззаконија и неправди‘,
38 и се свртат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и се помолат, свртувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на нивните предци, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив за Твоето име,
39 тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе.
40 Боже мој, очите Твои нека бидат отворени и ушите Твои внимателни кон молитвата на ова место!
41 И сега, Господи Боже, застани во Твоето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Гос­поди Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите верни чеда да се радуваат во добрините.
42 Господи Боже, не одвраќај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својот слуга Давид!“