Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 36

:
Macedonian - 2006
1 Народот на таа земја го зеде Јоахаз, синот Јошиев, го помаза и го постави за цар на местото од таткото негов во Ерусалим.
2 Јоахаз имаше дваесет и три години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца.
3 Египетскиот цар го собори од престолот во Ерусалим, го одведе во Египет и ѝ наложи на земјата глоба од сто кикари сребро и еден кикар злато.
4 Египетскиот цар го постави братот негов Елијаким за цар над Јудеја и над Ерусалим, и му го смени името во Јоа­ким, а братот негов Јоахаз, Нехо го зеде и го одведе во Египет.
5 Јоаким имаше дваесет и пет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим единаесет години. Тој го правеше она што не беше угодно пред очите на Гос­под, својот Бог.
6 Против него излезе Навухо­доносор, царот вавилонски, и го окова во окови, за да го одведе во Вавилон.
7 Дел од садовите на Господовиот дом пренесе Навуходоносор во Вавилон и ги постави во своето идолско светилиште во Вавилон.
8 Другите дела на Јоаким и гадотиите, што ги изврши и какви што се најдоа кај него, се опишани во книгата за царевите израелски и јудејски. Место него стана цар синот негов Јехониј.
9 Јехониј имаше осумнаесет години кога стана цар, и царуваше во Ерусалим три месеца и десет дена. Тој го пра­веше, она што беше лошо пред очите Господови.
10 Откако измина годината, царот Навуходоносор испрати и заповеда да го доведат во Вавилон заедно со ска­поцените садови на Господовиот дом, го постави за цар на Јудеја и Ерусалим братот негов Седекија.
11 Седекија имаше дваесет и една го­дина кога стана цар, и царуваше во Еру­салим единаесет години;
12 и тој го правеше она, што не беше угодно пред очите на Господ, својот Бог. Тој не се понизи ни пред пророкот Еремија, кој пророкуваше од Господо­вата уста.
13 И се одметна од царот Навуходо­носор, кој го заколнал во името Божјо, и се покажа тврдоглав и го ожесточи срцето свое дотаму, што не се обрати кон Господ, Бог Израе­лов.
14 Па и сите началници над свеш­тениците и над народот ги зголемија своите престапи, следејќи ги сите гадо­тии на незнабошците, и го ос­квернуваа домот на Господ, што Тој го беше осветил во Ерусалим.
15 Господ, Бог на нивните предци, им испраќаше Свои гласници уште во рано утро, зашто Му беше жал за Својот народ и Своето живеалиште.
16 Но тие се подбиваа со испратените од Бога и не се грижеа за зборовите Не­гови, ги понижуваа пророците Негови, додека гневот на Господ не падна врз народот Негов, та немаше за него спасение.
17 И Тој го испрати врз нив халдеј­скиот цар, и тој ги уби со меч мла­динците нивни во домот на нивната све­тиња; не го поштеди ни Седекија ни девица, ни старец, ни немоќен. Сѐ предаде Бог во раката негова.
18 И сите садови на Божјиот дом, го­леми и мали, и ризниците на домот Гос­подов, и ризниците на царот и начал­ниците негови, сѐ однесе во Вавилон.
19 Па го изгореа Божјиот дом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа; и сите негови скапоцености ги уништија.
20 А избавените од меч Навуходо­носор ги пресели во Вавилон, и тие му беа робови нему, до зацарувањето на персискиот цар,
21 за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија: додека земјата не ги отпразнува своите саботи, ќе почива во пустош, сето тоа време, сѐ додека не се навршат седумдесет години.
22 А во првата година на персискиот цар Кир, за да се исполни зборот Гос­подов, кажан преку устата на Еремија, Господ го подбуди духот на Кир, персискиот цар, и тој заповеда да прогласат по целото негово царство, усно и писмено, и да кажат:
23 „Вака рече Кир, царот персиски: ‚Господ, Бог небесни, ми ги даде сите земни царства и ми заповеда да Му изградам дом во Ерусалим, во Јудеја. Кој е меѓу вас од сиот Негов народ, Господ, неговиот Бог нека биде со него, и тој нека оди таму.‘“