Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 31

:
Macedonian - 2006
1 Откако заврши сето тоа, сите Израелци што се најдоа таму, отидоа по јудејските градови, та ги испокршија идолите, ги исекоа посве­тените дрвја, ги разрушија оброчишта­та и жртвениците докрај по целата Ју­деја и во земјата Вени­јаминова, Ефре­мова и Манасиева. Потоа се вратија си­те синови Израе­лови, секој на својот имот, во градо­вите свои.
2 И нареди Езекија свештенички и левитски смени, според распределбата нивна, секој кај својата работа, свеш­теничка и левитска, кај сепаленица и кај помирителни жртви, за служба, за фалење и славословие, кај вратата на домот Господов.
3 И определи царот дел од имотот свој за сепаленици; за утрински и вечерни сепаленици, за сепаленици во саботите според новомесечијата и празниците, како што е запишано во законот Господов.
4 Му заповеда уште на народот во Ерусалим, да им дава одредена издршка на свештениците и левитите, за да би­дат ревносни во законот Господов.
5 Кога се разгласи таа заповед, сино­вите израелски издонесоа многу големи количества: жито, вино, ма­сло, мед и секакви полски производи; донесоа уште десеток од сѐ во изобилство.
6 Израелците и Јудејците што жи­вееја по јудејските градови, исто така донесоа десеток од крупниот и ситниот добиток и десеток од жртвите, посве­тени на нивниот Господ Бог; и ги ставија на купови.
7 Почнаа во третиот месец да натру­пуваат купови, и завршија во седмиот месец.
8 И дојдоа Езекија и кнезовите и видоа купишта, Го благословија Гос­пода и народот Негов Израел.
9 Тогаш ги праша Езекија свеште­ниците и левитите за тие купишта.
10 Му одговори Азарија, првосвеш­теник од домот Садоков, и рече: „Откако почнаа да носат приноси во домот Господов, јадевме до наситување и пак остана многу, зашто Господ го благослови народот Свој. Ова големо множество е остаток.“
11 Тогаш Езекија заповеда да подготват соби во домот Господов. И тие подготвија.
12 И ги внесоа таму приносите, десетоците и жртвите со голема точност. Настојник кај нив беше левитот Кона­нјаху, а братот негов Шимеј го држеше второто место.
13 А Јехиил, Азазија, Нахат, Асаил, Јеримот, Јозавад, Елиил, Јисмахија, Маат и Ванеја беа надзорници под управа на Конанјаху и неговиот брат Семеј по наредбата на царот Езекија и Аза­рија, началникот на Божјиот дом.
14 Кореј, синот на Јимнин, левит, вра­тар на источната страна, беше кај доб­роволните приноси на Бога, за да го разделува принесеното на Господ и најважните осветени предмети.
15 Под негова управа беа: Еден, Минијамин, Јешуа, Шемаја, Амарија и Шеханија во свештеничките градо­ви, на кои им беше наложено да раздаваат делови на браќата свои подеднакво, како на големите, така и на малите, според нивните редови
16 освен на оние кои се внесени во родословието, на сите машки од три години и нагоре, на сите, што одат во домот Господов за секојдневните рабо­ти, за службата нивна, според долж­ностите нивни и според редовите нивни.
17 Запишувањето на свештениците беше според нивните татковски домови, на левитите од дваесет години и нагоре, според должностите нивни според редовите нивни.
18 Свештениците беа запишани во списокот со сите нивни малолетни деца, со жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни, сето општество, бидејќи тие со целосна верност ѝ се посветија на свештената служба.
19 А за синовите Аронови, свеште­ници во селата околу градовите нивни, во секој град беа поставени мажи определени да ги раздаваат деловите на секое машко кај свеште­ниците и на сите, запишани во списокот кај левитите.
20 Еве што направи Езекија по цела Јудеја; тој го правеше, она што е добро и право и вистинито пред Господ, својот Бог.
21 И во сѐ она, што го преземаше за да му служи на Божјиот дом и да го запази законот и заповедите, мислејќи на својот Бог, тој се трудеше од сѐ срце, и имаше успех.