Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

2 Chronicles 30

:
Macedonian - 2006
1 Езекија испрати гласници по целата земја израелска и Јудеја, а напиша и писма до Ефрем и племињата на Манасија, да дојдат во домот Господов во Ерусалим, за да прослават Пасха на Господ, Бог Израелов.
2 А царот и началниците и целото собрание во Ерусалим решија да про­слават Пасха на вториот месец,
3 бидејќи не можеа да ја прослават кога ѝ беше времето, зашто уште нема­ше доволен број осветени свеш­теници, па и народот не се беше собрал во Ерусалим.
4 Тоа му се допадна на царот и на целото собрание.
5 И решија да разгласат по цел Израел, од Вирсавија до Дан, да отидат во Ерусалим да Му направат Пасха на Господ, Бог Израелов, зашто одамна не ја беа правеле, како што е наредено.
6 И тргнаа гласници со писма од царот и од началниците негови по целата земја израелска и Јудеја, и по заповед на царот велеа: „Деца израелски! Обратете се кон Господ, Бог Авраамов, Исаков и Израелов, и Тој ќе се сврти кон оние, што се уне­среќени меѓу вас од раката на асирските цареви.
7 И не бидете како предците ваши и браќата ваши, кои постапуваа беззаконо пред Господ, Бог на вашите предци, и Тој ги предаде за истребување, како што гледате.
8 Сега не бидете тврдоглави како вашите предци, покорете Му се на Гос­под и доаѓајте во светилиштето Негово, кое Тој го освети засекогаш; служете Му на Господ, нашиот Бог, и Тој ќе го отстрани од вас пламенот на Својот гнев.
9 Кога ќе се обратите кон Господ, бра­ќата ваши и децата ваши ќе најдат ми­лост кај оние, што ги заробиле, и ќе се вратат во оваа земја; зашто Господ, Бог наш, е благ и милосрден и нема да го сврти лицето од вас, ако се обратите кон Него.“
10 Гласниците одеа од град во град по земјата Ефремова и Манасиева, сѐ до Завулоновата, но им се смееја и се подбиваа со нив.
11 Само некои од коленото Асирово, Манасиево и Завулоново се понизија и дојдоа во Ерусалим.
12 А над Јудеја беше раката Божја, та им даде еднодушност, за да ја исполнат заповедта на царот и началниците, според словото Госпо­дово.
13 И се собра во Ерусалим многу народ, за да го празнуваат празникот на Бесквасниците пред вториот месец: собранието беше многубројно.
14 Па станаа и ги растурија жртве­ниците, што беа во Ерусалим, и сѐ, врз кое кадеа на идолите, испокршија и го фрлија во потокот Кедрон,
15 го заклаа пасхалното јагне на четиринаесеттиот ден од вториот месец. Свештениците и левитите, по­срамени, се осветија и принесоа сепаленица во домот Господов,
16 и застанаа по своите места, според уредбата своја, по законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците оросуваа со крв, земајќи ја од рацете на левитите.
17 А бидејќи во собранието имаше мнозина кои не се беа осветиле, тогаш, наместо тие нечистите, го колеа пасхалното јагне левитите, за да го посветат на Господ.
18 Мнозина од народот, повеќето од племето Ефремово и Манасиево, Иса­харово и Завулоново, не се очис­тија; но и тие јадеа Пасха, непрописно.
19 Но Езекија се помоли за нив и рече: „Благиот Господ да му прости на секого, кој го расположил срцето свое да Го бара Господ Бог, Бог на своите предци, макар и без свештено очистување.“
20 И Господ го послуша Езекија и му прости на народот.
21 Така синовите Израелови, кои беа во Ерусалим, го извршија празникот на Бесквасниците седум дена со голема веселба; секој ден левитите и свеште­ниците Го славеа Господа со свирки, нагласени за славословување на Господ.
22 И говореше Езекија според срцето на сите левити, кои знаеја добро да Му служат на Господ. И ја јадеа праз­ничната жртва седум дена, принесувајќи свечени жртви и славејќи Го Гос­под, Бог на своите предци.
23 И целото собрание реши да празнува уште седум дена, и ги поминаа тие седум дена во веселба,
24 зашто Езекија, цар јудејски, доте­ра за собраните илјада телиња и десет илјади ситен добиток, кнезовите му подарија на собранието илјада телиња и десет илјади ситен добиток; тогаш веќе се осветија голем број свештеници.
25 И се веселеа сите собрани од Јудеја, свештеници и левити, и целото собра­ние, надојдено од Израел, и дојденците што беа дошле од израелската земја и кои живееја во Јудеја.
26 И стана голема веселба во Еру­салим, зашто од дните на Соломон, син Давидов, цар израелски, не се случи такво нешто во Ерусалим.
27 Тогаш станаа свештениците и левитите и го благословија народот; и нив­ниот глас беше чуен од Господ, и мо­литвата нивна се вознесе до небесата, во светото Негово живеалиште.