Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Chronicles 23

:
Macedonian - 2006
1 Но во седмата година Јодај се охрабри и ги зеде во сојуз со се­беси стоначалниците, Азарија, си­нот Јерохамов, Исмаил, синот Јоана­нов, Азарија, синот Овидов, Маасеја­ху, си­нот Адаев, и Елишафат, син Зихриев.
2 Тие ја обиколија земјата Јудина, ги собраа левитите од сите страни на Јудеја и израелските старешини на тат­ковските домови и дојдоа во Ерусалим.
3 И целото собрание склучи сојуз со царот во домот Божји. И Јодај им рече: „Еве, царскиот син треба да биде цар, како што рече Господ за синовите Давидови.
4 Еве, што ќе направите: едната тре­тина од вас, свештениците и левитите, што доаѓаа во сабота, нека бидат вратари кај праговите,
5 втората третина кај царскиот дом, третата третина кај портите на Јесод, а сиот народ нека биде во тремовите на домот Господов.
6 И никој да не влегува во домот Гос­подов, освен свештениците и оние од левитите, што служат. Тие можат да влезат, зашто се осветени; а сиот народ нека се придржува кон наредбите Гос­подови.
7 И левитите нека го опколат царот од сите страни, секој со оружје в рака, и кој ќе влезе во домот Господов, да биде убиен. И бидете со царот, каде и да вле­зе или излезе.“
8 Левитите и сите Јудејци направија така како што заповеда свештеникот Јодај; и секој си ги зеде своите луѓе, што доаѓаа во сабота, заедно со оние, што си заминуваа во сабота, зашто свештеникот Јодај не ги распушти смените.
9 Свештеникот Јодај им ги раздаде на стотниците копјата и малите и големите цар Давидови штитови, што беа во Божјиот дом;
10 и го постави сиот народ, секој со оружје свое во рацете, од десната стра­на на храмот кај жртвеникот и кај до­мот околу царот.
11 Тогаш го изведоа царскиот син, му ставија круна и го прогласија за цар; го помаза Јодај и синовите негови и извика: „Да живее царот!“
12 Кога го чу Готолија гласот на раз­движениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господов
13 и виде: ете царот стои на своето возвишено место кај влезот, а кај царот началници и труби, и сиот народ на таа земја се весели, трубат со труби и со свирки, пејачи вешти во славословење. Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: „Предавство! Предавство!“
14 Тогаш свештеникот Јодај ги повика стоначалниците кои началствуваа над војската, и им рече: „Изведете ја надвор од храмот, и кој ќе тргне по неа да биде убиен со меч. Зашто свештеникот рече: не ја убивајте во домот Господов.“
15 И ѝ направија пат; а кога таа дојде до влезот на Коњската Врата на пат кон царскиот дом, ја убија таму.
16 Јодај воспостави завет со целиот народ и со царот, за да бидат народ Господов.
17 И целиот народ отиде во храмот на Ваал, та го разруши, и жртве­ниците негови и идолите негови ги разрушија, а Матан, Вааловиот свеш­теник, го убија пред жртвениците.
18 И Јодај ги постави службите на Господовиот дом во рацете на левитските свештеници и ги обнови днев­ните свештенички и левитски смени, како што ги беше распоредил Давид во домот Господов, да Му принесуваат се­паленица на Господ, како што е напи­шано во законот Мојсеев, со радост и пеење, според Давидовата уредба.
19 И постави вратари кај вратата на домот Господов, за да не влегува никој нечист од што и да било.
20 И ги зеде стоначалниците и вел­можите, началниците народни и целиот народ на земјата и сите го придружуваа царот од домот Госпо­дов; тие минаа низ горната врата во царскиот дом и го ставија царот да седне на царскиот престол.
21 И се веселеше целиот народ на таа земја и градот се успокои, откако Гото­лија ја убија со меч.